Актерите од Театар Куманово заедно во соработка со Издавачки центар ТРИ спремаат нов и возбудлив проект. Проектот носи име „Читаме по дома”, a постои можност и да добиете награда, да освоите книга. Секоја недела ќе се објавува необично читање на дел од книгите, нормално со прилагодена интерпретација од домашни услови, а вие ќе имате можност истата книга да ја добиете на подарок.
Станува збор за проект кој ја таргетира младата публика, малите и младите. А е со една цел, да се мотивираат младите да читаат и да се надоградуваат – а воедно и е инспирација за самите актери – кои преку овој проект ги истражуваат можностите на дигиталните форми кои што никако не можат да го заменат театарот, но во моментов се единствен простор за комуникација со публиката. Додека чекаме да се вратиме на сцена, уживајте во нашиот нов проект.
Кратките читања ќе може да ги проследите на фан страната на Театар Куманово, како и на youtube каналот на Театарот.