Рок групата Guns N’ Roses наесен ќе објави детска сликовница, инспирирана од една од нивните најпознати песни – Sweet Child o’ Mine oд 1988 година. Дел од проектот е и писателот Џејмс Патерсон.
– Како вечен обожавател на групата, јас сум возбуден што работам со нив и што ја оживеав познатата песна низ слики и приказна. Сликовницата ја слави љубовта и музиката и како сѐ тоа го разубавува животот на најубав можен начин, изјави Патерсон.
Приказната Sweet Child o’ Mine е за Наталија и Маја – ќерка и внука на менаџерот на групата, Фернандо Лебелс, и ги прикажува нивните авантури со турнеите на бендот.
Ова не е прв пат Патерсон да соработува со звучни имиња од музичката сцена. Тој неодамна ја издаде и книгата „Претседателот исчезна“ – со поранешниот американски претседател Бил Клинтон.
За групата Guns N’ Roses, ова е прв ваков ангажман. Сличен проект лани имаше Пол Макартни од The Beatles, коj ја објави книгата „Hey Grandude!”.