Едвај го убедив да ми се придружи во пеењето, ама кога го убедив не можев да го запрам!, напиша познатиот македонски тенор Благој Нацоски на својот Фејсбук профил. Нацоски живее и работи во Италија и секојдневно нè расположува со беспрекорните изведби.
„Сигурно се сеќавате на легендарната сцена на Цацко Конопишки и неговата темпераментна изведба на оваа песна од Симеон Гугуловски, но кога ќе го погледнете ова видео, ветувам дека тешко ќе го заборавите, исто така.
Во овие тешки времиња, кому не му недостасува малку хумор и позитивна енергија?!
Се надевам дека добро ќе ви дојде оваа „доза“!“, напиша Нацоски.