Сосема ми е јасно мене и на политичарите, вели Заев, во какава психолошка состојба ни е народот. Поминавме нешто што се несекојдневно, го велиме „непријател“, непредвидлив со којшто сме во војна.
„Ова е страшно, станавме нервозни дома, имаме последици економски врз нашите семејни буџети, сето тоа се одразува врз луѓето, но одговорна политика значи да видиме коi се опциите за нашиот народ, за нив е важно да функционираат институциите“, рече Заев.
Изрази надеж дека и летото и есента да нема ниту еден заразен, но напомена дека можеме да се доведеме во ситуација да го пробиеме сите уставни рокови на четиригодишниот мандат.
-Овој параламентарен состав е биран на 11 декември и постојат решенија, не смееме тоа да го дозволиме како зрела демократија. Заклучивме дека живееме со коронакризата и дека треба да организираме избори, додаде Заев.