ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

CДСМ: Уште една лага на опозицијата, 33 милиони денари е целиот проект за местото каде ДПМНЕ сакаа да градат шпански скали

Партијата која безмилосно ги трошеше парите на граѓаните на евтини проекти од стиропор, жални врби, палми, градски плажи, галии, споменици од проектот Скопје 2014 и што уште не, денеска зборува за расфрлање на пари од страна на градската власт.

May 14, 2020 14:17
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter
Социјалдемократкиот сојуз излезе со уште еден демант за изјава на опозициската ДПМНЕ. На официјалната страна на партијата, објавено е соопштение по изјавата на Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ во врска со износот на тревникот на плоштадот во Скопје.

Не престануваат лажните вести и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ. Истата таа партија која безмилосно ги трошеше парите на граѓаните на евтини проекти од стиропор, жални врби, палми, градски плажи, галии, споменици од проектот Скопје 2014 и што уште не, денеска зборува за расфрлање на пари од страна на градската власт.
Неспоредливо и немерливо е што направи ВМРО-ДПМНЕ за своите 11 години владеење и СДСМ за досегашните 3 години. Матни зделки и тендери и нереални милионски суми е она што го одбележува времето на ВМРО-ДПМНЕ како власт, а лажните вести се нивно обележје кога се опозиција.
Заради таквото криминално расипништво на ВМРО-ДПМНЕ, денес се водат и бројни судски случаи и се бара одговорност.
Токму тревникот на плоштадот е местото кое во време на ВМРО-ДПМНЕ беше продадено и на него беше стекната приватна сопственост. Нечуено и невидено е на сам плоштад на главен град да се отуѓи државен имот и да продаде на приватно лице.
И зад таа продажба стои уште едно расипништво на ВМРО-ДПМНЕ, проектот „Шпански скали“ која вклучува 20 метарска зграда, проект кој беше еднострано раскинат од Владата предводена од СДСМ.
Уште една лага во низата на ВМРО-ДПМНЕ е и вредноста на тревникот од милионски суми на парцелата која поради тоа што е приватна сопственост Градот не може да ја урбанизира.
Вистината е дека Градот Скопје инвестираше 33 милиони денари за целосно уредување на плоштадот и кровот на ГТЦ. При тоа, направен е плочник со површина од речиси 5.000 квадратни метри, изведена е патека за лицата со инвалидитет, поставена е и соодветна урбана опрема која подразбира оптимален број на клупи, канти за отпадоци, осветлување, атмосферска канализација и заштитни столпчиња што ќе го спречат непрописното паркирање и движењето на возилата. Исто така, се формирани и дрвореди од 22 повеќегодишни дрвја. Овој простор заедно со зелениот покрив на ГТЦ го претставуваат всушност новиот стандард за изгледот на јавниот простор во нашиот град. За реализацијата на овој проект од градскиот Буџет потрошени се околу 33 милиони денари со вклучен ДДВ.
Ниту една нова лага на ВМРО-ДПМНЕ не може да го избрише нивното криминално и расипничко однесување додека беа на власт.
Денешните градски власти со домаќинско и одговорно однесување  вистински се грижат за јавниот простор, со цел поубав и пофункционален живот за сите граѓани, пишуваат СДСМ во демантот на официјалната страна на партијата.
Next Post

Европската Комисија ја запре испорака на десет милиони маски набавени од Кина

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk