ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Д-р Николов: Доколку бидам пратеник, два пати неделно ќе се враќам во болницата за да ги прегледувам моите пациенти

May 14, 2020 15:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денес во Клиничка Болница Штип, директорот Ален Георгиев заедно со доктор Сашко Николов одржаа прес конференција во однос на работата на Oдделот за интервентна кардиологија.

Доктор Сашко Николов на денешната прес конференција соопшти дека особено е горд на својот тим со кој работи сите овие години на одделот. Истакна дека во овие две години буџетот за одделот е дуплиран и како резултат на тоа се набавени и дополнителни стентови, а се планира набавка и на уште повеќе. Ова е важно поради тоа што е создадена можност за поголем опфат на пациенти на кои им е потребна интервенција, а моментално бројката е зголемена за 30%.

„И во услови на пандемија, во  тешки работни услови додека паралелно се боревме со пандемијата, одделот работеше со полн капацитет и сите пациенти добија навремена стручна поддршка. Во текот на овие два месеци се направени по 40 стенирања месечно, на пациенти кои 90 % од нив беа со срцев инфаркт“ додаде Николов.

Покрај ова, доктор Сашко Николов истакна дека во рамките на одделението функционира и Кардиолошка амбуланта која е отворена за  пациентите од понеделник до петок каде што истите можат да добијат соодветна терапија, преглед и консултација.

Николов кој е и кандидат за пратеник на листата на СДСМ во ИЕ3 , на новинарско прашање за тоа како ќе функционира ова одделение доколку тој биде избран за пратеник одговори:

„Јас во 2014 година имав идеја да основам Оддел за интервента кардиологија во кој ќе работи цел тим, а нема да зависи само од еден човек. Во изминатите години  константно вршев обука и едукација на мојот тим со што двајца мои колеги веќе се спремни и самостојно работат, извршена е соодветна обука и едукација и на сите медицински сестри и целиот мој тим, кој ќе продолжи да го движи одделението .

Мојот став исто така е дека ни се неопходни избори, кои доколку се случат и долку јас станам дел од пратеничкиот состав, во рамките на законот ќе продолжам да работам како доктор на моите пациенти, и ќе се враќам два пати во неделата на моето одделение бесплатно да ги прегледувам и да и давам соодветна докторска грижа на моите пациенти.“

Симона М Живкова

Next Post

Ер Србија на 21 мај почнува со летови за четири европски дестинации, од 7 јуни и за Скопје

НАЈНОВО

Отворен е рокот за пријавување за субвенциониран студентски оброк

October 31, 2025

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Во Аеродром постои силно опозициско расположение, да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

October 31, 2025

Пет Нетфликс филмови достапни во Македонија што совршено ќе ја погодат атмосферата за Halloween

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk