ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Контраспин: Стојаноска наспроти фактите – бројот на заразени од вирусот се намалува!

May 14, 2020 10:15
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Споредба на бројките, кои се јавно достапни со еден клик, покажуваат дека нивото на новозаразни и на активно заболени случаи со корона-вирусот и со Ковид-19 е во опаѓање речиси десетина денови. Наспроти ова, Дафина Стојаноска, со резултати од само еден ден спинува дека земјата безмалку е пред пропаст, поради неспособноста на власта да се справела со епидемијата, пишува Вистиномер.мк.

Членка на раководствотo на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашна прес-конференција излезе со тврдења околу корона кризата во земјата, во која јасно се препознаваат извртувања на вистината, т.е. спин.

Спин: Власта не може да ја држи ситуацијата под контрола. Коронавирусот повторно ни чука на врата. Во текот на вчерашниот ден е забележан раст на бројот на заразени и од 145 тестирани имаме 22 ново заболени. Владата не презема ништо за да се заштити здравјето на граѓаните. Мерките на владата не дадоа резултат, целото општество претрпе загуби, а заразени сè уште има и бројот пак расте…

…Изгледи за намалување немаме. Само во текот на вчерашниот ден се заболени 14.5% од вкупниот број на тестирани, што очигледно е и една од причините поради кои Филипче не тестира. Доколку тестира бројот на заболени ќе биде многу поголем, а СДСМ ќе нема аргументи да бара избори во ек на корона-вирус и да го ризикува здравјето на граѓаните.

[Извор: ВМРО-ДПМНЕ – Д. Стојаноска, прес, датум: 12.05.2020]

 

Контраспин:

Членката на највиското раководно тело на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, не е човек кој не би знаел да собере-два и два, колоквијално кажано, бидејќи е медицински образувана жена, таа, сепак, тоа не ѝ пречи да искомуницира со јавноста во врска со корона-кризата, искажувајќи неколку пати чисто извртување на вистината, т.е. спин.

Тврдењето на Стојаноска е фактички неодржливо – врз само еден дневен биланс на бројот на новозаболените, таа излегува со тврдење дека „власта не може да ја држи ситуацијата под  контрола“…дека „мерките на владата не дадоа резултат“, дека „владата не презема ништо“, дека „изгледи за намалување немаме“, дека „Филипче не тестирал зашто СДСМ ќе немале аргументи да бараат избори…“

За волја на вистината, неколку дена, поточно два-три, имаше зголемување на бројот на заболените, процентуално гледано во однос на тестираните, а министерот Венко Филипче тоа го објасни на неговата вчерашна (12.05.2020) прес конференција со фактот што најголемиот дел од тие новозаразени и заболени се идентификувани од два кластера во Скопје и Тетово и дека и двата настани биле масовни собирања – едното погреб, другото семејна прослава.

Но, не е само Филипче којшто воедно демантираше и дека намерно не правеле повеќе тестирања. Самата реалност, во текот на вчерашнит ден и билансот што може да се види на 12.05.2020, ден по податоците што ги изнесува Стојаноска, покажуваат дека кривата на епидемијата оди надолу: Од 189 тестирани 10 лица биле позитивни на тестот за присуство на вирусот, што значи дека 5 отсто од тестирните се позитивни (види линк тука).

Истите споредби може да се направат со денови наназад, само ако се погледнат извештаите на Институтот за јавно здравје, на пример. Ако се споредат бројките за 09.05.2020, кога бројот на новозаболени е 0,75 отсто од бројот на тестираните, или за 08.05.2020 г., кога процентот на новозаболени во однос на тестираните изнесува 8,7 отсто, итн.

Впрочем, бројката на оздравени и активни пациенти, споредена само во рок од една недела наназад покажува дека активните, постојано опаѓаат:

Слика 1

Состојба со излекувани и активно заболени на 12.05.2020

 

Слика 2

Состојба со излекувани и активно заболени на 05.05.2020

Како што може да се види, состојбата се подобрува во континуитет, со исклучок на 10 и 11 мај, каде што, да повториме, здравствените власти дадоа појаснување – ем намалени рестрикции за Први мај и Велигден, но најмногу од групните собирања во Тетово и Скопје. Впрочем и самиот Филипче даде многу јасно образложение дека епидемијата е под контрола:

Основната индикација, дали епидемијата е под контрола е репродуктивниот број R0, кој треба да е помал од еден, а кај нас подолг временски период е помеѓу 0,6 и 0,9 , што значи дека еден пациент заразува помалку од еден пациент во просек.

Оттука, секое тврдење од типот на она на Дафина Стојаноска е извртување на вистината, т.е. спин, кој настрана што е став на партија, го изговара лице кое е медицински образувано.

Извор: Вистиномер.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мастрафот си ти

May 10, 2025
Фото: Муцунски на X

Муцунски дел од министерскиот состанок на Специјалниот трибунал за злосторство агресија против Украина; Амбасадорката Дир се заблагодари за поддршката

May 10, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп: Индија и Пакистан се согласија за целосен прекин на огнот по разговорите со посредство на САД

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk