На државата ѝ требаат избори, потребна е стабилност, а не натегања и надмудрувања, истакна градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев за ТВ24.
Јанчев потенцираше дека на државата и требаат избори и дека избори може да се организираат без граѓаните да се изложат на ризик. Треба да се формира извршна власт, а оваа власт сега е само раководење и тоа не може да трае бесконечно.
Во врска со фабриката „Дрекслермаер“ и принудниот одмор на 5000 вработени, Јанчев вели дека компанијата ќе успее да ги задржи вработените и покрај принудениот одмор во времето на пикот во градот. Во фабриката има соодветни услови за работа и се надева дека ќе отпочне со работа со поголем капацитет. Јанчев потенцираше дека и во неговата компанија „Кожувчанка“ нема отпуштање на работници и дека им се дадени и плати.
Ј. Ѓ.