ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Одржани вторите Корона дијалози со фокус на економијата

May 14, 2020 15:44
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Светската економија, а во нејзини рамки и македонската се соочуваат со рецесијата како последица од силниот шок детерминиран од пандемијата, чиишто брзина на ширење и опфат се специфични и носат бројни неизвесности и ризици, а последиците најдиректно се условени од времетраењето на пандемијата. Наспроти ова, тешките времиња ја поттикнуваат иновативноста, креативноста и новите идеи и од тие причини, економското опоравување, според експертите, освен од мерките на економската политика, ќе зависи од навременото и проактивно реагирање.

Ова се заклучоците од последната од серијалот Корона дијалози на тема „Влијанието на новите предизвици од пандемијата врз економијата“ во организација на УКЛО и во соработка со Економскиот факултет од Прилеп, на која свои осврти изнесоа министерката за финансии Нина Ангеловска, професорите Глигор Бишев, Гордана Трајкоска, Оливера Костоска, Мирослав Гвероски и Анета Трајковска од Стопанската комора на Македонија.

Модератот и иницијатор на Корона онлајн дијалозите проректорот, проф. д-р Марјан Ѓуровски, информираат од УКЛО, посочил дека темата е исклучително интересна зашто не опфаќа сите нас и нашето секојдневно живеење.

Министерката Ангеловска дала слика на економските мерки, очекувањата и генералните проекции истакнувајќи притоа дека донесените, но и новите, планирани мерки кои значат директна поддршка и помош за граѓаните и домаќинствата треба да помогнат во намалување на негативните ефекти од кризата, бидејќи ја јакнат јавната потрошувачка. Новиот сет мерки, според министерката, од една страна е насочен кон групи граѓани, од друга кон одредени сектори, сегменти и индустрии.

Одговарајќи на повеќе прашања, Ангеловска меѓу другото најави поддршка и за студентите, како и во едукацијата во ИТ секторот и дигитализацијата.

Бидејќи кризата е иницирана од здравствениот сектор носи со себе бројни неизвесности и ризици и за финансиските институции оценува Глигор Бишев. Тој се осврна кон носечките предизвици на долг рок. Според него, загрижуваат неповолните економски движења и во земјите членки на ЕУ бидејќи 50 проценти од вкупно заразените лица се од Европа, најважниот трговски партнер на нашата држава. Во мометот, банкарскиот сектор ја задржува капиталната сила, но, можно е влошување на  кредитната наплата, ако продолжи здравствената криза.

Во освртот за преземените мерки за спас на економијата во услови на пандемија, проректорот на УКЛО, проф. д-р Гордана Трајковска предложила похрабри даночни политики и мерки на контрола насочени кон стимулирање на економијата, како и воведување нов данок на добивка што би бил во прилог на добивање економска битка со Ковид -19. Таа констатира дека мерките што се преземаат, во кои се вклучени и капиталните инвестиции, дополнително ќе ги дадат резултатите, зашто тоа се мерки кои планираат борба со Корона кризата на подолги патеки и овозможуваат значајна поддршка на деловните субјекти, особено оние коишто се најпогодени од ефектите на кризата.

Потребно е воспоставување нови приоритети во постоечките трошења, поддршка на ранливите популации, економски стимуланси за малите и неформални бизниси, истакна професор Оливера Костоска според која што обемот и брзината на економското опоравување ќе зависат од мерките на економската политика – истите  треба да бидат брзи и насочени кон сè што е потребно.

Професорот Мирослав Гвероски се осврна на неопходните мерки што  треба да се насочат кон  решавање на последиците од кризата. Очекува последиците да траат кратко и смета дека е потребно реформирање на најпогодените сектори и промена во структурите на економиите, поддршка на претприемачите и долгорочно стимулирање на супституцијата на увозот.

Сите расположиви капацитети на Стопанската комора се ставени на располагање за поддршка на бизнис заедницата и економијата, истакна директорката Анета Трајковска. Таа ги изнесе моменталните согледувања и прогнози по сектори, во услови на намалена ликвидност на компаниите, намалена продуктивност и извоз. Бизнисот бара едноставни и лесно применливи мерки насочени кон точно дефинирани сектори и покрај краткорочните, потребни се и долгорочни мерки со долгорочни ефекти за обезбедување раст на економијата.

Серијалот продолжува наредната среда со нова тема.

 

Next Post

Владанка Димковска: Мора да се стави крај на семејното насилство!

НАЈНОВО

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk