Вчера во Полициската станица Виница, од Итната медицинска помош Виница било пријавено дека околу 13.30 часот за укажување на лекарска помош се јавил К.К.(62) од Виница, кој се здобил со повреди при извршување работни задачи во фабрика во Виница.
Увид на местото извршила увидна екипа од Одделението за внатрешни работи Виница и инспектор за заштита при работа.