ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Тројца починати монаси и 17 новозаболени од Ковид-19 во манастирот Киево-печевска лавра во Украина

May 14, 2020 21:32
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во манастирот Киево-печерска лавра, кој се наоѓа во главниот град на Украина, биле пријавени 17 новозаболени со Ковид-19, изјавил градоначалникот Виталиј Кличко на 6 мај, известува LB.ua, пренесува МЕТА.

Според „Украинска правда“, украинскиот министер за здравство Максим Степанов на конференција за печат наредниот ден појаснил дека новите случаи на инфекција се луѓе кои биле во контакт со претходно заразените во манастирот, кој заради карантин е затворен за јавноста скоро месец дена.

„Сите седумнаесетмина се луѓе кои биле во контакт со пациенти кои заболеле пред две-три недели. Тие моментално се наоѓаат во самоизолација“ – изјавил министерот Степанов.

Според јавно достапните податоци објавени од Vesti.ua, до 17 април во Киево-печевската лавра од здравствени компликации поврзани со зараза со Ковид-19 починале тројца монаси.

Киево-печерската лавра е историски православен христијански манастирски комплекс основан 1015 г. Тој е под контрола на Украинската православна црква – Московска патријаршија (УПЦ-МП), која е под јурисдикција на Руската православна црква (РПЦ). Со дел од комплексот, кој е под заштита на УНЕСКО како дел од светското културно наследство, раководи и Државниот музеј на Украина.

На 5 април манастирот бил ставен во карантин по откривањето на инфекција со корона-вирусот меѓу братството.

На 14 април украинскиот претседател Владимир Зеленски изјавил дека на територијата на Киево-печерската лавра се утврдени над 100 случаи на инфекција со Ковид-19.

На 26 април рускиот веб-сајт РБК известил дека во манастирот се заразени „сите свештеници“, но набргу потоа митрополитот Климент, претставник на УПЦ-МП објавил демант, објаснуваќи дека од стотината инфицирани, голем дел веќе оздравеле.

Ковид-19 е забележан и во други верски светилишта во Украина. На 18 април од последици на пандемијата во Почавската успенска лавра починал многупочитуваниот игумен Аверикиј. Овој манастир, кој е втор по големина во земјата и најголем во Западна Украина, е исто така под контрола на УПЦ-МП.

Во Украина, покрај испоставата на РПЦ, функционира и Православната црква на Украина (ПЦУ), чија автокефалност е признаена од Цариградската патријаршија. Синодот на ПЦУ како реакција на пандемијата уште на 18 март има објавено измена на правилата за богослужба во насока на ограничување на контакт меѓу присутните и користење прибор за една употреба (хартиени/пластични чаши или лажичиња).

Според податоците од СЗО пренесени од Универзитетот Џонс Хопкинс, до 12 мај во Украина има официјално евидентирано 16.023 лица заразени со Ковид-19, од кои 425 починале.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Опис на сликата: Новата месечина, темен  кратерен круг со тенок осветлен срп одоздола, лебди над закривениот хоризонт на Земјата за време на орбитално зајдисонце. Гледано од Меѓународната вселенска станица, атмосферата на Земјата свети во сина лента наспроти темната позадина на вселената. Photo: NASA

НАСА: Новата месечина изгледа невидлива од површината на Земјата, но од вселената открива поинаква убавина

July 24, 2025

Зеленски го одобри нацрт-законот за заштита на независноста на институциите за борба против корупцијата

July 24, 2025

Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам

July 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    (ВИДЕО)Се урна авионот што исчезна над Русија, се верува дека нема преживеани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа или Истокот? Конфронтација меѓу ДУИ и ВЛЕН за геополитичкиот курс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајланд започна воздушни напади врз камбоџански воени цели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk