Факултетите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, ги информираа студентите преку електронска пошта за престојната сесија и пријавувањето испити. Во текст на МОФ, освен потребните информации за студентите, беа посочени и катастрофалните јазични и правописни грешки во мејловите.
Како највисок образовен орган во државата, би се очекувало дека барем тие би знаеле како се пишува негацијата „не“ со глагол. Во мејловите кои биле пратени до студентите, јасно се гледаат немарни печатни грешки кои таква институција не само што не смее да си ги дозволи, туку треба и да биде во активна борба против неписменоста.
Од општите правила на пишување, како оставање празен простор по завршување на реченица и разделено пишување на негатцијата „не“ проследена со глагол, пр: не знаеме, во мејлот се забележуваат токму тие пропусти.
При креирање електронска пошта нема ограничување на бројот на пишани зборови, па оттаму се поставува прашањето дали по универзитетските ходници шета некадарен кадар.
Колку и да биле мејловите пишувани набрзина, институција која важи за врвно образовно тело и место на наука и писменост, не смее да си дозволи вакви пропусти, посебно не при информирање за полагање испити.
А. Н. Стојчевски