ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Самсоненко си заминува и од ФК Вардар

Бизнисменот преку соопштение ја информира јавноста дека финансиските потешкотии се причината да си замине од „црвено-црните“.

May 15, 2020 18:52
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, по напуштањето на ракометниот, од денеска повеќе не е дел и од фудбалскиот клуб Вардар.

Тој преку соопштение ја информира јавноста дека финансиските потешкотии се причината да си замине од „црвено-црните“.

Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на ФК Вардар:

Почитувани,

Со превземањето на АД ФК Вардар Скопје во 2014 започнавме со реализирање на визијата да изградиме респектабилен и успешен фудбалски клуб. Со вложување на значајни финансиски средства, огромен труд и енергија во изминатите 6 години се стремевме кон остварување на врвни спортски резултати.

Освоивме 3 титули во ПМФЛ и успеавме да се пласираме во Лига Европа во 2017 година , пласман кој ќе остане запаметен во спортската историја на државата. Пред нас беше и освојувањето на четвртата титула во домашното фудбалско првенство.

Но, наспроти нашиот труд и посветеност беа и потешкотиите за одржување на клубот од финансиски аспект со кои јас лично, секојдневно веќе втора година се соочувам.

Во неколку наврати ја информиравме и јавноста дека финансирањето на клубот претставува голем товар и дека истиот е многу тешко да се издржи бидејќи бев директно погоден финансиски со обидот за нелегално и криминално преземање на мојот објект во градба во центарот на Скопје кој требаше да биде главна финансиска поткрепа на спортските колективи.

Правната постапка за спорот е во тек, искрено се надевам и верувам во надлежните институции кои треба да ја докажат правдата и се надевам на позитивна разврска на целиот случај. Покрај тоа, дополнителни потешкотии во финансирањето се создадоа и поради пандемијата на Ковид – 19 од која сериозно е погоден целиот свет.

Поради овие причини кои веќе се надвор од моја моќ и контрола не сум повеќе во можност да ги исполнувам финансиските обврски и со цел да ја заштитам иднината на еден од најголемите спортски брендови ФК Вардар принуден сум да го вратам овој клуб на Град Скопје.

Искрено верував во својата визија и во визијата на сите играчи на клубот, во сите тешки моменти не водеше љубовта кон спортот и желбата за постигнување на нови успеси. Заедно постигнавме многу, но за жал околностите се такви што јас морам принудно да се повлечам од оваа приказна. Воедно, ја информирам јавноста дека ги преземам сите веќе достасани обврски на клубот со цел да го отворам патот за новите, идни инвеститори кои искрено посакувам и се надевам дека ќе успеат во иднина да го задржат успешното функционирање и реномето на клубот кои ние го изградивме во изминативе години, стои во соопштението потпишано од Сергеј Самсоненко./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk