ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат вештачки да создадат криза (ВИДЕО)

Пропаднатиот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат функционално Собрание, не сакаат институции со полн легитимитет. Тие се против заживување на економијата, против здравјето на граѓаните да биде обезбедено и не сакаат државата да оди напред.

May 15, 2020 17:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Социјалдемократскиот сојуз излезе со соопштение на својата официјална страна по прес конференцијата на Костадин Костадинов, на која уште еднаш беа појаснети целите и плановите на СДСМ за контролата врз пандемијата и опозициските ставови во пресрет на најавените предвремени избори.

Почитувана јавност,

Во овој важен период за граѓаните и за државата, СДСМ продолжува да се води од три клучни приоритети:

Првиот е заштита на здравјето на граѓаните, вториот е брза трансформација на економијата и третиот, функционални институции – гарант за силна демократија.

Сите досегашни параметри и официјални податоци покажуваат дека епидемијата е ставена под контрола. Државата, општеството почнуваат да ја живеат новата нормалност.

За нова и брза трансформација на економијата и целосно функционални институции кои се гарант за силна демократија потребни се избори во првиот можен термин.

Предвремените парламентарни избори кои веќе се распишани и еднаш одложени, треба да се одржат во првиот можен термин, а предизборната кампања да биде усогласена со заштитните протоколи.

Последната одлука на Уставниот суд, ја потврдува уставноста на владината уредба да се запрат предизборните активности зa распишаните избори поради коронавирусот. Тоа значи дека роковите за изборниот процес продолжуваат по завршување на вонредната состојба.

ДИК по завршувањето на вонредната состојба, треба да ги заврши обврските и во рок од 22 дена да се одржат изборите.

Како одговорна партија, ние сакаме избори кога вирусот е најмногу под контрола, со највисоки мерки на заштита и без ризик по здравјето, со цел да воспоставиме нормална работа на парламентот и владата и да можеме сите капацитети да ги вложиме во рестарт на економијата.

Комисијата објави протоколи за спроведување кампања и за одржување на избори, сите ќе се водиме по нив и ќе спроведеме избори со сите заштитни механизми. Гласачкото место ќе биде најстрого обезбедено со сите заштитни мерки.

Од друга страна почитувани граѓани, пропаднатиот како што сам сака да се нарекува, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со сите сили се обидуваат да ги попречат демократски процеси. Се обидуваат вештачки да создадат криза.

Пропаднатиот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат функционално Собрание, не сакаат институции со полн легитимитет. Тие се против заживување на економијата, против здравјето на граѓаните да биде обезбедено и не сакаат државата да оди напред.

Тоа со сигурност нема да го дозволиме.

Нема да дозволиме нивното неодговорно однесување да ја втурне нашата држава во лош правец. Исто како што не дозволивме тоа да се случи и за време на оваа здравствена криза.

Нема да дозволиме еден пропаднат спортист, пропаднат политичар како Христијан Мицкоски да ја попречува новата нормалност, да спречува целосна функционалност на институциите и создавање услови за трансформација на економијата.

Избори мора да има и ќе заради здравјето на граѓаните, заради новата економија за која се подготвуваме, заради институциите кои треба да им служат на граѓаните во оваа државата.

Next Post

Кина подготвена на контрамерки за одлуката на Вашингтон за Хуавеи

НАЈНОВО

Дончиќ ја однесе Словенија во осминафиналето

September 2, 2025

Шукова: Над 150.000 скопјани секојдневно се гушат во чад од Вардариште

September 2, 2025

О2 Иницијатива со јавен апел: Вардариште не може да чека!

September 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аманда Сејфрид ја позајми облеката на Џулија Робертс за Филмскиот фестивал во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој ќе ја спаси Македонија од новото задолжување?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk