ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Николовски: СДСМ реализира повеќе од половина од ветеното

Избори треба да има тогаш кога тоа ќе биде најмногу возможно. Поминавме низ овој период многу соодветно, со навремени и внимателни политики се справивме со здравствената криза. Сметаме дека по сите анализи, ние се базираме само на стручните епидемиолошки истражувања, анализи, податоци, нашите одлуки се базираат на тоа.

May 17, 2020 11:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Учинокот на реализација на програмата е повеќе од 57 проценти за помалку од две и пол години, зборуваме генерално за сето она што како партија сме го ветиле, вели во неделното интервју на Радио Слободна Европа, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ. Николовски зборува и за тоа зошто инсистираат на брзи избори, за тоа што ако ВМРО-ДПМНЕ ги бојкотира изборите, а зборува и за митинзите и за новите „бомби“ во интервју за Радио Слободна Европа.

Господине Николовски, инсистирате на брзи избори. Зошто? Што ви прави разлика ако тие се одржат во јуни, јули или август?

Избори треба да има тогаш кога тоа ќе биде најмногу возможно. Поминавме низ овој период многу соодветно, со навремени и внимателни политики се справивме со здравствената криза. Сметаме дека по сите анализи, ние се базираме само на стручните епидемиолошки истражувања, анализи, податоци, нашите одлуки се базираат на тоа.

Која е разликата меѓу јуни, јули или август?

Заради тоа што во август никогаш не сме имале избори. Можно е отворање на граници, можно е зголемување на бројот на заразените. Едно од укажувањата, препораките и мислењето на експертите е дека во периодот што следи, наесен, можно е повторно зголемување на заболени. Друга причина е што државата подолго време е без функционален парламент, единствена земја во Европа што нема парламент, имаме техничка влада, таа добро се справува со состојбите, но таа е влада за организирање на изборите.

Би оделе на избори ако ВМРО-ДПМНЕ одлучи да бојкотира?

ВМРО-ДПМНЕ има единствена цел, а тоа е да бега од изборите и тоа буквално ниту презентира план како што беше најавено, ниту разговараа сериозно на оваа тема на лидерската средба, од една страна, а од друга страна, ние излеговме со конкретни факти, податоци, првенствено базирани на сите информации на Комисијата за заразни болести, од Кризниот штаб.

Ќе правите митинзи, ќе одите од врата до врата, нормално како што препорачува комисијата за заштита од заразни болести и протоколот?

Ние целосно ќе бидеме построени по препораките, мерките, политиките и одлуките на здравствените институции, на оние коишто се најкредибилни, како што кажав, и во кои граѓаните најмногу веруваат, видовме дека сериозно се справуваат со овие предизвици. Ние целосно ќе ги почитуваме сите мерки, сите препораки во делот на кампањата, пред сè нема да има митинзи, СДСМ нема да организира митинзи. Ова е шанса реформите кои ги имаме внатре во партијата оваа година силно да продолжат и понатаму, да се фокусираме и концентрираме на дигиталната комуникација и понатаму со граѓаните, да ги користиме сите нови алатки и модели на комуникација. Ние сме во еден сериозен развој како политичка партија и сите други маалски собири или други можни собири и начини на дефинирање на нашата кампања ќе бидат под строги правила – дистанца, користење на заштитни маски, дезинфекциски средства, токму така како што е предвидува усвоениот протокол за организирање на средби, состаноци и слично, така и со протоколот кој се однесува на самите избори утврден од Комисијата.

Сте ги виделе ли коментарите на некои граѓаните дека препораките од здравствените власти не важат за партиите и партиските митинзи и за верските собири, а за другите важат, особено по објавувањето на протоколот, со кој се сугерира дека партиите може да организираат митинзи и да одат врата до врата?

Голема е одговорноста на секој чинител којшто е дел од владата, затоа сметам дека како што многу прецизно длабински се справуваме со здравствената криза така и министерот за внатрешни работи треба да биде тој кој целосно ќе ја носи одговорноста во делот на спроведувањето на какви било собири во моменти кога важеле забрани, кога не смееле да се одржуваат, не смееле да се организираат, а не да бидат со полициска контрола.

Како генерален секретар, како сте задоволни од реализација на програмата со која настапивте на изборите во 2016 година?

За две ипол години ние преку системот на СДСМ и алатките кои ги користиме секојдневно го мериме учинокот на министрите, на градоначалниците, на сите оние кои добиле шанса и одговорност да партиципираат, односно да се на позиција да ги реализираат мерките, политиките, што ги имаме. И апсолутно сме задоволни од постигнатото за две ипол години. Да повторам од земја која што беше изолирана, на раб на граѓанска војна, земја во која што се пролеваше крв во Собранието пред три години, денеска да е држава која што ги реши сите отворени прашања со соседите, која носеше храбри одлуки, која растоварено и храбро одлучуваше во интерес на граѓаните и државата, денеска сме членки на НАТО, и сме до делот на дефинирање на преговарачката рамка со ЕУ.

Еве пример во програмата за изборите во 2016 во сегментот образование пишува – Во рок од една година државни комисии составени од универзитетски професори ќе ги евалуираат сите учебници за основно и средно образование. Ова не е сторено.

Учинкот на реализација на програмата во сите сектори е над 57 проценти за помалку од две ипол години, зборуваме генерално за сето она што како партија сме го ветиле, заради тоа што постои систем преку кој ги мериме резултатите и ефектот на сето она што е направено, мандатот сме го добиле за четири години…

Имате реализирано 57 отсто?

Да за помалку од две и пол години.

Целото интервју на Радио Слободна Европа.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Филипче: Оздравеа 91 отсто од здравствените работници кои беа заразени со Ковид-19

НАЈНОВО

Техеран: „Во оваа фаза“ не планираме нуклеарни разговори со европските земји

October 6, 2025
Украински беспилотни летала го погодија нафтениот терминал Феодосија во окупираниот од Русија Крим на 6 октомври 2025 година. Фото: Кримски ветер / Телеграм

Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

October 6, 2025
Фото, генерирано со ВИ

Пронајдени телата на тројцата хрватски планинари кои загинаа во лавина во Словенија

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk