„Владата предводена од СДСМ се грижи за сите граѓани и за македонското стопанство. Уште на самиот почекот на кризата со корона вирусот кажавме дека заедно со вас ќе се избориме да зачуваме што повеќе работни места, да помогнеме на што повеќе граѓани и да поддржиме што повеќе компании“,изјави денеска потпретседателот на партијата Коста Петров.
„Со мерката за финансиска поддршка од 14,500 денари по вработен заедно со работодавачите се изборивме да ги зачуваме работните места на нашите сограѓани. Управата за јавни приходи информира дека на 16.546 компании со 103, 307 вработени веќе им е одобрена финансиска поддршка за исплата на плати за месец април 2020. Вкупниот износ на одобрената финансиска поддршка досега изнесува 1 447 278 909 денари“,посочува тој.