Мислам дека поддршката на економијата и на работните места и на граѓаните ја испорачавме во првиот и во вториот пакет, а тоа е пакет за заживување и рестарт на самата економија, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев за вестите на Сител.
„Денеска и премиерот Спасовски даде одговори дека изборите беа димензионирани на 12ти април. Ако имавме скриени намери заради поткуп, ќе ги димизиониравме мерките уште во јануари, февруари, март месец, или слично, впрочем и опозицијата е таа која што бара да има уште повеќе поддршка, уште повеќе мерки, уште повеќе помош и за стопанството и за граѓаните и навистина целиот пакет, третиот пакет на мерки коишто заедно со правиот и вториот опфаќаат 730.000 корисници кои се помагаат“, истакна Заев.
Тој нагласи дека тоа се некаде повеќе од 300-320.000 семејства до кои допираат овие мерки.
„Освен за побогатите така да кажам, или непогодените од кризата, тоа е еден широк дијапазон на опфаќање на мерките кои се навремено испорачани и целиот пакет има за конечна цел поддршка на економијата, на фирмите и на граѓаните, но секако и помош на сиромашните.“, потенцира Заев
Заев нагласи дека треба да знаат стопанството, фирмите, сите, цела економија дека Владата чува резервни капацитети и за крајот на летото, или почетокот на есента, ако има евентуален втор бран на здравствена криза.