ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Банките никогаш немале поголем простор за намалување на каматите на кредитите

May 18, 2020 12:56
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Ќе има ли намалување на каматите на кредитите за граѓаните и компаниите откако Народната банка по трет пат годинава ја намали основната каматна стапка и ја сведе на 1,5 отсто е прашање што заслужува внимание со оглед на тоа што со овој чекор се дава силен поттик за надолно корегирање на каматната политика на банките.

Љубе Трпески, поранешен гувернер на Народната банка и универзитетски професор за „Мета.мк“ вели дека освен што ја намалила основната каматна стапка, Народната банка ослободила и капитал од седум милијарди денари преку благајничките записи.

– Банките најверојатно најголем дел од овој капитал ќе го пласираат во државни записи, каде ќе добијат повисоки камати и ќе помогнат да се затвори дефицитот во државниот буџет. Дел од ослободените средства ќе се пласираат преку потрошувачки кредити, но не очекувам дека ќе има нагло намалување на каматите – вели Трпески.

Од Народната банка за „ велат дека секоја промена во монетарната политика има за цел, токму преку банкарскиот систем, да делува врз условите за финансирање на населението и корпоративниот сектор.

– Оттаму, и намалувањето на основната каматна стапка, коешто е трето по ред од почетокот на годината, очекуваме дека ќе има одредено влијание врз каматната политика на банките. Промените на каматните стапки на банките и на кредитите и на депозитите во изминатиот период покажуваат дека банките ги следат нашите сигнали. Минатата година, во просек, каматната стапка на благајнички записи на годишна основа се намали за 0,6 процентни поени, при што банките ги корегираа каматните стапки на кредитите со речиси идентична силина (намалување од 0,4 пп во просек), додека намалувањето на каматата на депозитите беше поумерено (за 0,1 пп во просек) – велат од Народната банка.

Според нив, тоа покажува дека банките посилно ја прилагодиле цената на кредитите, додека намалувањето на приносите на депозитите, како основен извор на нивно финансирање, беше помало.

– Слична е и реакцијата од почетокот на оваа година, кога е видливо понатамошно намалување на каматните стапки, коешто го следи намалувањето на каматната стапка на централната банка. Секако, со оглед на вообичаеното временско задоцнување во монетарниот пренос, интензитетот на прилагодување во следниот период, а особено дали ќе има реакција и на страната на кредитите и на страната на штедењето, сепак ќе зависи од повеќе фактори. Дел од нив се перцепциите на банките за ризикот, просторот во нивните биланси, конкуренцијата и квалитетот на кредитната побарувачка – велат од Народната банка.

Оттаму додаваат дека како централна банка, од почетокот на корона-кризата, освен промената во каматната стапка, направиле и поголем број други промени коишто создаваат амбиент за олеснување на пристапот до кредити и ослободување ликвидност во банкарскиот систем, со цел одржување на кредитниот циклус.

Според податоците на Народната банка во март 2020 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,89 отсто и забележан е месечен и годишен пад од 0,02 ппроцентни поени и 0,37 процентни поени, соодветно.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 1,11 отсто и на месечна основа е пониска за 0,08 процетни поени, а на годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,31 процентен поен.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Првите снимки на јужниот пол на Сонцето од „Солар Орбитер“ во светот. Фото: Европска вселенска агенција

(ВИДЕО) Европската сонда за прв пат во светот направи снимки од половите на Сонцето

June 12, 2025
Украински беспилотни летала ја нападнаа фабриката ВНИИР во Чебоксари: произведува антени за беспилотните летала „Шахед“. Фото: Генералштаб на вооружените сили на Украина

Украинските дронови нападнаа клучна воено-индустриска цел во Московска област и фабрика што произведува беспилотни летала „Шахед“ во Татарстан

June 12, 2025

Мицкоски: Расте бројот на странски туристи во вториот квартал

June 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

    Османи до Мицкоски: Можеш да вреѓаш, да се закануваш и да фрлаш клетви, но ние Албанците не сме гости во оваа земја туку домаќини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како да живеам со оваа тишина за Газа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова за НоваТВ: Поднесов кандидатура во СДСМ за градоначалник на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами вели дека има места во Владата за нови политички партнери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако некој некогаш праша – нас нè има таму

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk