пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Еве, драги мои, чекам да видам што ќе решат таканаречените лидери: дали ќе ја конституираат Северна Македонија или ќе го затворат досието на таа машина за измачување на луѓето!?
Што друго да правам!?
Мислите дека претерувам!?
Не, почитувани, за тоа се решава кај претседателот.
Макар што, дозволувам, дека учесниците на таа средба не знаат за што, всушност, се договараат.
Како што и Уставниот суд не знаеше што решава во моментот кога реши да го прогласи за неуставен законот против дискриминацијата.
Но, тоа што судот, односно судиите, не знаеја што прават, не значи дека треба да им простиме.
И ние и Господ.
За тешката рана од која ја пуштија Македонија да крвави во океанот со ајкули.
Говњари.
Но, ако тие не укинуваат нас, а ние ги укинуваме нив, се поставува прашањето кој ќе остане да биде шеф на одделот за извршување на казните!?
Предумислата во обидот за убиство го компензираат со општата неукост, со неспособноста да се ѕирне зад првиот свиок, со партиски и други симпатии и клиентелистички консолидации кои ги спречуваат да сфатат дека ја растураат оплатата на бродот на кој сите пловиме, а немоќта целокупното правно наследство на груевизмот да го прогласат за неуставно и криминално, велепредавничко и злосторничко, го камуфлираат со ситничарско везење во судбината на споменатиот закон, со примитивен антикомунизам, полош од сите комунизми итн.
Надвор од сите разумни и добронамерни контексти, освен ако го иземеме контекстот на поткапацитираноста на државата кој решиле или им решиле, да го искористат според принципот “сега му е мајката”.
Со шекерни јаболка и сусамки како награда.
Сменети се перспективите.
И контекстите.
За да направиш држава порано си морал да обезбедиш сила која ќе убие некоја друга сила, да имаш водачи и војсководачи, филозофи, поети, лудаци. На ист начин, само со помалку среќа, државите пропаѓале. Или воопшто не се раѓале. Денеска е доволно да имаш лудаци. По прашањето на распаѓањето ништо повеќе не ти треба. Особено ако лудаците се сувоземни кучиња кои во отсуството на избори ја осеќаат крвта на ранетата држава.
Условите никогаш не биле полесни и за конституирањето.
Доволно е да имаш малку здрав разум и филот од изборите да го завиткаш во тој пандишпан.
Да имаш храброст да ги исфрлиш лудаците од игра.
Раскокодаканата јавност да не мисли дека од Водно ќе и донесат просо.
Халанд го постигна првиот гол во Бундеслигата додека ковидот се уште не беше совладан во Германија, земјата почна со отворање на своите граници, Трамп најавува тотална нормализација, со ковидот или без него, Хрватска оди на избори, никој не мрчи и не се лигави со своите обврски кон луѓето во услови на здравствена криза, Грција ја отвора туристичката сезона, само Македонија останува заложник на “грижата за здравјето на граѓаните” така што грижата се претвора во закана за сите.
Главен идеолог на “грижата” е убиецот на државата, на нацијата и на општеството, на сите негови материјални, финансиски и културни ресурси и на многу луѓе кои настрадаа во неговите спектакли, од Куманово, до Смилково и насекаде низ Македонија, значи, драги мои: вмро-дпмне!
Да не даде Господ вмро да се грижи за вашето здравје.
Ќе наебете уште пред да ви паднат гаќите.
Фактот дека и денеска ги третираме како алтернатива (еј),е добар знак дека веќе сме жртва на сексуалното и ментално вознемирување од страна на таа манијакална појава.
Како оди загрозувањето на здравјето преку грижата за луѓето!?
Прво, не се зема предвид дека државата е декапацитирана, дека, безмалку, е полу држава, без Собрание, со техничка влада, со антиуставен и антидржавен уставен суд. Или, токму тој момент се зема предвид и се злоупотребува, за да на државата, на која и се скршени нозете, и се скрши и главата.
Во некој протоѓерски ендек.
Тоа е позицијата на опозицијата.
Не се сеќавам дека кога и да е и по кое било прашање, вмро имале поинаква позиција.
Во таква ситуација се случуваат две работи: се нагризува сувереноста, односно суверенот, односно државата, а тоа, пак, води во растење на самоволноста, на анархичните движења, на хаосот, во кој секој ја зема улогата на суверен. Односно на ебиветер.
Какви што беа поповите по струшките покриви.
Или Мицко кога ќе рече дека очекува разум трезвеност и свесност.
Тоа се страшни дезинтегрирачки процеси кои потоа си имаат своја динамика и логика.
Во кои жртви ќе има колку што ковидот не би можел да произведе за сто години.
Втора работа е комбинација од два феномена, едниот е традиционалната комотност на политичката елита која мисли дека и е дадено целото историско време и во врска со тоа традиционалната склоност на Македонија да ги пропушта сите моментуми се до моментот кога еден проблем може да го реши на најнеповолен начин. Или да не го реши никако. Така се испуштени моментите да се интегрираме и етаблираме како држава и да ги избегнеме условувањата на кои сега наидуваме, само затоа што обожававме да ја браниме бесмислицата, најодвратната магија што некогаш му е направена на еден народ: уставното име.
Животна желба ми е да му го начукам на Христијан у г’з.
Името.
И на Ванковска.
И на сите именобранители и именобранителки на трудот глуп народ.
Да знаел дека Мицко не е во состојба да поднесе ниту една жртва, Гоце не би паднал за Македонија.
Гоце би се убил да чуе дека Мицко повикува на разум, трезвеност и свест.
Чудовишен е обидот општеството да се фасцинира со грижата за здравјето без да му се понуди елементарна гаранција дека во септември или во лингур месец ситуацијата ќе биде подобра. Обратно, тие се трудат да дојдат до тие месеци затоа што имаат очекувања дека ситуацијата ќе биде полоша. И ударнички работат на тоа. Уставните судии работат за нив, тие работат уставните судии да одлетаат у курац. Заедно со целокупната колективност. Кој тоа може да го разбере!? Од друга страна без јасни гаранции дека ситуацијата ќе биде подобра, меѓу другото, затоа што општеството решило да се саморастури. Океј. Но немојте за тоа да ми ја кривите короната, Бугарите или меѓународната заедница.
И лошата среќа.
Во меѓувреме општеството папсува во идејата дека со општонародно просерување против власта, против сопствената држава и против себе, може да се спаси.
Мислам дека полека разбира дека се има нафатено со неостварлив потфат.
Како една жена која се обидела да се самоубие со пиење на седум литри вода секој ден.
Успеала.
Ја сменила сопствената хемија.
Македонците прават обратно, тие не ја менуваат својата хемија туку ја утврдуваат. Така што секој ден во организмот внесуваат премногу отров.
Не е се така црно во тој обид да се убие.