Сето тоа што како ВМРО ДПМНЕ денеска го кажавме, се водеше од фактот како можеме да го заштитиме здравјето на граѓаните, да излеземе сериозни пред граѓаните, да одредиме датум а граѓаните да не ги загрозуваме граѓаните, изјави пртестедатлот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски.
„Ме разочара извештајот на Kомисијата за заразни болести, бидејќи во 4 точки било пишано тоа што веќе сме го слушнале порано, да носиме маски, да држиме дистанца“, рече Мицкоски.