Одговорот на ОБСЕ – ОДИХР е дека тие се спремни да одговорат на нашето барање, но треба да се определи датумот и да се почитуват протоколите за граници и здравствените протоколи, изјави Зијадин Села, лидер на Алијанса за Албанците по денешната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски.
„Затоа, нашиот предлог не беше за лични каприци, за избори на 26 јули ценевме дека ќе дадеме време да имаме помалку заразени и повеќе сигурност за граѓаните. Меѓународната набљудувачка мисија ќе ги отвори границите до тогаш за да дојдат да набљудуват. Истовремено, ДИК ќе има можност да ги отвори списоците и да имаат право да гласаат и оние кои наполниле 18 години“, изјави Села.