ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Ексклузивни изданија од Петре М. Андреевски илустрирани од неговата внука Воскресија Андреевска

Реобјавувањето на делата на Петре М. Андреевски секогаш (ќе) претставува празник за македонската книжевност. Овој безвременски писател од третата генерација македонски зборотворци, се чини, го создаде рецептот за укинување на временските отсечки според кои книжевните појави ги квалификуваме како актуелни и анахрони.

May 19, 2020 11:54
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Ексклузивни изданија на делата на Петре М. Андреевски, илустрирани од неговата внука Воскресија Андреевска, излегоа од печат како дел од „Арс Ламина-публикации“. Во рамки на едицијата „Македонски книжевни класици“ се десет книги со прозни и поетски дела на великанот на македонската книжевност, со цртежи кои за оваа прилика специјално ги изработи неговата внука, која е школувана на Факултетот за ликовни уметности.

Книгите, како што соопштија од издавачката куќа „Арс Ламина“, ќе бидат достапни во сите продажни места на „Слободен печат“, а може да се набават и во книжарниците и онлајн на www.literatura.mk.

Деновиве во продажба излегле првите две изданија од едицијата: романот „Тунел“ и во едно издание расказите „Боемите“ и стихозбирката „Пофалби и поплаки“, а ќе следуваат незавршениот и последен роман на Андреевски, „Бежанци“ и збирките песни „Јазли“ (во едно издание) и „Лакримариј“. Во следниот период ќе бидат промовирани и книгите: „Последните селани“, „Скакулци“, „И на небо и на земја“, „Дални наковални“ и „Вечна куќа: тажаленки“. Во посебна едиција ќе биде објавена и книгата за деца „Шарам барам“.

‒ Реобјавувањето на делата на Петре М. Андреевски секогаш (ќе) претставува празник за македонската книжевност. Овој безвременски писател од третата генерација македонски зборотворци, се чини, го создаде рецептот за укинување на временските отсечки според кои книжевните појави ги квалификуваме како актуелни и анахрони. Неговата појава во втората половина на дваесеттиот век магнетски го привлече вниманието на проучувачите на националната книжевност и веќе прославени автори, со што ги стави на теориски маки. Навидум лесно восприемливата поетика се покажа мошне привлечна за многубројни релевантни толкувања, меѓусебно исклучиви, но истовремено и испреплетени. Главно, сите досегашни теории гравитираат околу фолклорните елементи во неговите дела, но секоја од нив користи различен толкувачки клуч во зависност од книжевните интереси на толкувачите. Но, токму тоа присуство, толку блиско до „народниот“ читач – ознака што не е временски условена, туку напротив, ја победува ограниченоста – е причина за сечија радост на ова поднебје кога повторно ќе се појави негово дело, истакнуваат од издавачката куќа „Арс Ламина“.

Главната причина што го прави посебно ова повторно враќање на Петре М. Андреевски и што им удира печат на ексклузивноста на овие нови изданија, велат од издавачката куќа, е визуелното „читање“ на неговите творби од страна на неговата внука, Воскресија Андреевска. Нејзиниот образуван уметнички потег, додаваат, има двојна цел: емотивно и естетско возбудување на поетските и прозните атоми од кои е изградена поетиката на Петре М. Андреевски кај неговата најнова генерација почитувачи и следбеници, што ова реобјавување има намера да го поттикне.

‒ Лично и професионално ми претставува огромно задоволство што имав прилика да работам на ваков ангажман, конкретно поради тоа што се работи за книгите на Петре М. Андреевски, кои за мене се од огромно значење бидејќи, освен што станува збор за мојот дедо, станува збор и за мојот омилен македонски писател. Дадов сѐ од себе да ги прикажам импресиите што ги имаат оставено неговите култни дела врз мене и можам само да се надевам дека и јас, преку овие нови изданија, го споив својот печат со неговиот. Сите илустрации беа наменски работени за овој проект и нормално, истите беа инспирирани од неговото творештво. За мене беше важно преку моите цртежи да го отсликам и да го оживеам тој посебно богат свет на Петре, за повеќе да го доближам до читателите. Во визуелниот јазик не постои тешкотија или леснотија при творењето, постои меѓутоа во помислата на тоа дали ќе ја претставиш приказната на авторот онака како што и самиот тој ја опишува со неговите зборови. Интересно беше што, додека траеше процесот на создавање на повеќето од илустрациите за прозните дела, јас бев во родното село на Петре, селото Слоештица, кое е негов главен, неисцрпен извор на инспирација. Секој лик во неговите книги е приказна сама по себе која влече корени од тие краишта и за мене тоа го направи креативниот процес позабавен и поинспиративен. Освен што се дружев со неговите ликови од книгите, јас и живеев во тој свет, вели Воскресија Андреевска.

Петре М. Андреевски (25.06.1934, с. Слоештица – 25.09.2006, Скопје) е поет, прозаист, драмски автор, литературен критичар и преведувач, кој со својот многудецениски опус афирмира творештво што го вбројува во најзначајните и најистакнати современи македонски писатели, чии дела – а особено стихозбирката „Дениција“ и романот „Пиреј“ – стануваат општопризнаени дострели на македонската современа книжевност и неодминливо четиво на генерации љубители на литературата./МИА/

Next Post

12: Нови 22 заболени од корона вирус, досега направени вкупно 22.255 тестирања, поддршка за портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска поради говор на омраза и клевети

Shortcut

Најново

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk