ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Насилни протести во Чиле поради недостиг на храна

Демонстрантите фрлаа камења, а полицијата одговори со солзавец и водени топови, при што се уапсени и неколку демонстранти.

May 19, 2020 09:49
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Жителите на сиромашното предградие на Сантијаго се судрија со полицијата во знак на протест поради недостигот на храна за време на карантин поради пандемијата на корона вирус. Демонстрантите извикуваа пароли против владата за која веруваат дека ги остави на цедило.

„Не станува збор за карантинот, на луѓето им е потребна помош во овој момент, храна“, вели Вероника Абарка.

Демонстрантите фрлаа камења, а полицијата одговори со солзавец и водени топови, при што се уапсени и неколку демонстранти.

Владата на премиерот Себастијан Пињера во петокот прогласи карантин за сите жители на главниот град, каде што се концентрирани 80 проценти од заразените со коронавирус. Но, економската активност во земјата е забавена со месеци, а најпогодени се трговијата, градежништвото и разните услужни сектори.

Општината Ел Боске соопшти дека е влошен квалитетот на животот на граѓаните и дека недостига грижа на централната власт за најсиромашните.

„Денеска протестираат жителите кои не можеа да работат повеќе од еден месец и не виделе конкретни мерки на државата“ – напиша градоначалникот Сади Мело.

Уште пред кризата со коронавирус, Чиле, во коешто живеат околу 18 милиони луѓе, се соочи со социјални немири и насилство коишто започнаа во октомври по зголемувањето на цената на билетот за метрото во Сантијаго.

Извор: Макфакс

Next Post

Приведени 46-мина кои не ја почитувале забраната за движење

Shortcut

Најново

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk