ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петковски: Целта на Мицкоски е поради лични интереси, да создаде невозможна состојба во државата

-Ова е изместување на тежиштето на политичките активности од Собранието на лидеркса средба. Во демократиите политичката битка се води во Собранието, преку пратениците, координаторите на партиите. А некои од учесниците овде немаат кредибилитет ниту легитимитет да разговараат. Мицковски никогаш не учествувал на избори, а претставен е како лидер во таа неформална група која ја презеде надлежноста на Собранието. За мене нема дилема, изборите се распишани, изјави поранешниот собраниски спикер.

May 19, 2020 08:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерската средба е компромитација на политичкиот систем, односно забава за народ. Никаде не се користи, ни на Исток ни на Запад. Сите таму не го заслужуват тој епитет на лидери. Лидерите гледаат малку подалеку, визионерски и прават компромиси во име на државата, вели долгогодишниот политичар Тито Петковски во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Според него, Уставот предвидува кога распуштеното Собрание може да се врати назад, а особено во време на вонредна состојба.

-Собранието ги распиша предвремените избори и дојде до оваа вонредна ситуација и токму поради такви околности Уставот предвидува истото да се свика. Пратениците во постојниот состав го имаат мандатот се до верификација на идниот состав на Парламентот. Граѓаните го имаат суверенитетот, го делигираат на пратениците, така вели Уставот. Собранието е во постојано заседание и не можам да разберам зошто лидерската средба е супститут на Собранието, изјави Петковски.

Коментирајќи ја лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски, Петковски потенцира дека Претседателот со тоа покажува добра волја, да ги состани лидерите на парламентарните партии на едно место за националните државни интереси.

-Ова е изместување на тежиштето на политичките активности од Собранието на лидеркса средба. Во демократиите политичката битка се води во Собранието, преку пратениците, координаторите на партиите. А некои од учесниците овде немаат кредибилитет ниту легитимитет да разговараат. Мицкоски никогаш не учествувал на избори, а претставен е како лидер во таа неформална група која ја презеде надлежноста на Собранието. За мене нема дилема, изборите се распишани, изјави поранешниот собраниски спикер.

Петковски дополни дека доколку некој реши да бојкотира, тоа го прави на свој ризик, бидејќи течат сите изборни процеси.

-Логиката налага, веднаш по завршувањето на вонредната состојба, продолжуваат изборните активности кај што застанаа. Мицкоски постави три услови пред средбата, Комисијата да даде проценка за безбедноста, ОБСЕ да присуствува и ДИК да се прозинесе како ќе ги спроведе изборите. Во Македонија мора конечно да се спроведува закон, а не политички договор на неформална група и точка. Тие три услова и онака се исполнети, дециден е Петковски.

За карактерот на лидерската средба тој уште вели е до толку дерогиран што на такви лидерски средби, политичарите се договараа кој треба да се гони кривично, што значи мешање во судството.

Тој меѓу другото, ги коментираше позициите на Мицкоски и ДУИ.

-Целта на Мицковски е да се создаде, за лични интереси, невозможна состојба во државата и да се дојде во ситуација пак да се создава некаква влада на национално единство како за време на војната и тука да ќари ВМРО ДПМНЕ. Не треба да се остваруваат желбите на поединци, туку да продолжат политичките процеси. ДУИ се вешти играчи и оставаат простор. Коалицира секогаш со поуспешната партија од македонскиот блок. Вешти се. ДУИ сега не сака криза, порано имаа такви пресметки, но тие сакаат секогаш да се на власт. Значително е порасната поддршката на ДУИ од другите албански партии, тие нема да ризикуваат, а ВМРО-ДПМНЕ нема ниту еден аргумент да ги бојкотира изборите, посочи Петковски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

09: Заев и Спасовски - Избори според роковите по истекот на вонредната состојба, влез во Србија без коронатест, пред 18 години Кометал стана европски шампион

НАЈНОВО

Техеран: „Во оваа фаза“ не планираме нуклеарни разговори со европските земји

October 6, 2025
Украински беспилотни летала го погодија нафтениот терминал Феодосија во окупираниот од Русија Крим на 6 октомври 2025 година. Фото: Кримски ветер / Телеграм

Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

October 6, 2025
Фото, генерирано со ВИ

Пронајдени телата на тројцата хрватски планинари кои загинаа во лавина во Словенија

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk