ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Коциќ: Здравството добро се справува со корона вирусот, секој граѓанин да помогне со почитување на мерките

Состојбата со епидемијата на коронавирусот е под контрола. Бројот на активни случаи е стабилен. Зголемениот број на новодијагностицирани изминатите денови е резултат на олабавување на рестриктивните мерки и поголемото движење на граѓаните. Тоа е очекувано и здравството има капацитет да се справи со ова.

May 21, 2020 22:15
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На почетокот сакам да изразам јавна благодарност до сите доктори, медицински сестри, лаборанти, возачи и други медицински и технички персонал од Инфективната клиника и другите инфективни одделенија, брзата помош, матичните лекари и сите служби кои се во првите борбени редови во одбрана од коронавирусот и заштита на личното и колективното здравје во државата, како и благодарност за министерството за здравство, кризниот штаб, инстиутот за јавно здравје за начиниот на коориднирање на целиот здравствен систем, изјави на денешната прес-конференција Ненад Коциќ, кандидатот за пратеник на СДСМ од ИЕ 3.

„Македонското здравство реагираше навремено и соодветно и добро се справи со пандемијата со коронавирусот.

Состојбата со епидемијата на коронавирусот е под контрола. Бројот на активни случаи е стабилен. Зголемениот број на новодијагностицирани изминатите денови е резултат на олабавување на рестриктивните мерки и поголемото движење на граѓаните. Тоа е очекувано и здравството има капацитет да се справи со ова.

Благодарение на навремените мерки успешно го амортизиравме првиот удар на епидемијата. Ја стабилизиравме состојбата и во ниту еден случај не се оптовари капацитетот на здравствениот систем.

Но, вирусот е тука, вирусот нема да исчезне, ќе биде присутен се додека не се стекне имунитет или се пронајде вакцина.

Тоа значи дека сите ние мора да се навикнеме на новата реалност, на новото нормално.

Да бидеме свесни дека се уште може да се заразиме за што е потребно да ги почитуваме сите мерки за лична заштита. Да живееме со коронавирусот но на начин на којшто ќе бидеме заштитени а со тоа ќе го заштитиме здравјето и на оние околу нас.

За да ја одржиме епидемијата под контрола и да го заштитиме здравјето, многу е важно:

– да одржуваме физичка дистанца од 1,5 до 2 метри и да не се групираме.

– да носиме заштитна опрема секогаш на затворено и секогаш на отворено кога не можеме да ја одржиме дистанцата.

– редовно да вршиме дезинфекција и да ги миеме рацете со сапун.

Здравствените работници, кои се во првата борбена линија со коронавирусот, деноноќно се грижат за здравјето на граѓаните, ги лекуваат заболените.

Секој од нас треба да им помогне со почитување на мерките за заштита, секој од нас е еднакво важен во битката со коронавирусот.

Во оваа прилика од името на здравствените работници, сакам да им се заблагодарам на граѓаните кои доследно ги почитуваат мерките за заштита и ги повикувам сите без исклучок да одржуваат дистанца, да носат заштитна маска, шал или марама и редовно да ги мијат рацете.

Со тоа ќе помогнеме и во подготовката за новиот пик на коронавирусот кој според препораките на СЗО се очекува после есента.

Го живееме новото нормално. За да се намалуваат ограничувањата, ние мора да ја зголемиме внимателноста. Со почитување на мерките за заштита го чуваме личното здравје, здравјето на нашите деца, на нашите родители, баби и дедовци, здравјето на сите сограѓани“, истакна Коциќ.

Next Post

Во Измир од минариња наместо молитва ечела „Бела чао“, во тек е истрага

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во Тузла, загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

November 5, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 5 ноември

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk