Најјмногу од денешните 26 нови случаи на новозаразени во Скопје се во Аеродром, дури 9. Во Чаир се 6, во Сарај 4 и во Центар 2, пренесува 360 степени.
Во општините Кисела Вода, Петровец и Гази Баба има по еден случај.
Десет од денешните 40 нови случаи на ниво на Македонија, пак, се во Тетово. Специјализантот по епидемиологија Наим Скендери од Центарот за јавно здравје – Тетово денеска изјави дека од нив повеќето се луѓе кои биле во контакт со заразено лице, но и дека има нови кластери, што, според него, е најголемиот ризик за зголемување на бројките.
Останатите 4 случаи кои влегоа во денешната статистика се од Куманово, Прилеп, Велес и Битола.