Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на својот фејсбук профил упати честитки и изрази благодарност до медицинскиот тим кој ја изведе првата успешна трансплантација на срце од починат донор, и кој во моментов врши трансплантација на два бубрега.
Во истиот статус тој вели дека сега е вистинско време да се размисли за суштински реформи во општеството.
„Да ги вратиме вистинските вредности, вистинските луѓе, на вистинско место.“ пишува Шилегов.