ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

October 6, 2025 13:35
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Аналитичарите предупредуваат дека реториката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја надминува рамката на локалните избори и се претвора во стратегија за политичка доминација и контрола врз албанското политичко претставување.

Локалната изборна кампања влезе во нова фаза на политичка напнатост, во чиј центар се најде реториката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски. Наместо фокус на општините, проектите и развојните програми, Мицкоски избра дискурс за „политичко исчезнување на ДУИ и Али Ахмети“, што според аналитичарите ја префрла кампањата во етничка и поларизирачка насока.

Ќенан Алиу

Политичкиот аналитичар Ќенан Алиу, во изјава за Фронтлајн, оценува дека Мицкоски користи крајно поларизирачки и политички неоправдан дискурс.

– Ова е исклучително поларизирачки и политички неоправдан дискурс. Ако го анализираме во тактичка димензија, ова може да се коментира како трик за меѓусебни партиски рејтинзи, но во секој случај, ова можеби може да се надмине во својство на лидер, но не таков дискурс со аверзија во својство на премиер. Задачата на премиерот е да покаже емпатија и позитивна енергија во општеството, а не аверзија и поларизација, изјави Алиу за Фронтлајн.

Урим Салиу
Урим Салиу

Во сличен тон реагира и аналитичарот Урим Салиу, кој предупредува дека Мицкоски влегува на опасен терен за политичката рамнотежа во земјата.

– Политичката битка на Христјан Мицкоски требаше да биде насочена кон локалните избори и внатрешните предизвици во македонскиот блок, но тој очигледно се проширува на албанскиот политички терен. Неговата реторика против ДУИ и Али Ахмети, додека отворено покажува симпати кон коалицијата ВЛЕН, буди сомнеж за неговите вистински мотиви, вели Салиу за Фронтлајн

Според него, Мицкоски се обидува да создаде „контролирани албански партии“, кои би му служеле како послушни партнери во власта:

– Доколку еден македонски лидер се обидува да одреди кој треба да ги претставува Албанците, тоа претставува директно мешање во политичката автономија на една заедница. Тоа повеќе не е политичка битка, туку обид за контрола, додава Салиу.

Дритон Зенку

Во истата насока, аналитичарот Дритон Зенку оценува дека Мицкоски не води кампања за општини, туку за политичка и идентитетска доминација.

 – За него, ‘уништувањето на ДУИ’ не е локално прашање, туку национална кауза што го мобилизира македонскиот електорат, ја избегнува одговорноста и го држи ВЛЕН под контрола. Со таков наратив, тој сака да се претстави како ‘ослободител на Македонците од албанското заложништво’ и да воспостави нов политички поредок каде Албанците ќе бидат претставени само од покорни партнери,“ – вели Зенку за Фронтлајн.

Според него, општинската кампања е само сцена, а вистинската битка на Мицкоски е за апсолутна власт, во која Албанците би имале ограничена и контролирана улога.

Изјавите на аналитичарите јасно покажуваат дека локалната кампања на Мицкоски го надминува изборниот контекст и се претвора во проект за редефинирање на етничките и политичките односи во државата. Така поставената реторика, според нив, може да создаде нови поделби и да ја поткопа самата идеја за соживот која повеќе од две децении претставува темел на стабилноста во Северна Македонија.

Инаку,  на партиски митинг во првиот ден од изборната кампања, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го насочи својот говор кон политичкиот опонент од редовите на Албанците.

– По 15 месеци, или да речеме повеќе, година и пол, тој (Али Ахмети) отиде во опозиција, а по овие избори ќе се повлечете од политиката, ви гарантирам, истакна Мицкоски во својот говор.

Дестан Јонузи

Tags: ВМРО-ДПМНЕДУИЛокални избори 2025
Next Post

Шукова: Урбанизмот ќе биде транспарентен, паркирањето решено системски

Shortcut

Најново

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 13, 2026
Data center server room technology digital network illuminated cables cybersecurity

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026

Медиумски пирати

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Масовен „Марш за слобода“ во Приштина во пресрет на пресудата во Хаг: „Цело Косово ве чека, ослободители!“

September 12, 2026

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk