ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сугарески: Оваа Влада за 30 месеци драстично го смени квалитетот на живот во Прилеп и регионот (ФОТО)

May 23, 2020 16:11
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески истакнува дека оваа Владата предводена од СДСМ и коалицијата, за 30 месеци само во Општина Прилеп, плански спроведува, реализира и инвестира во серија инфраструктурни објекти кои драстично го менуваат квалитетот на животот на граѓаните на Прилеп и регионот на подобро.
Сугарески, низ бројки и факти ги набројува проектите од патната инфраструктура што во изминативе 30 месеци се реализираат и се завршени во прилепскиот регион:

„Завршивме со реконструкција на патен правец Прилеп – Прилепско езеро
– Завршивме со рехабилитацијата на регионален пат Прилеп–Тополчани–Битола
– Завршуваме со рехабилитација на патниот правец од Раец до Фариш.
– Интензивно се гради експресниот пат од Градско–Дреново
– Изградивме дел од улицата Александар Македонски
– Завршуваме со изградба на клучката за ТИРЗ Прилеп
– Во јуни распишуваме теднер за рехабилитација на патот од Фариш до Прилеп и секаде каде што нема трета лента ќе ја изградиме.
– Се рехабилитираше патниот правец Лагово-Штавица-Витолиште
– Се асфалтира патот од с.Волково до манастирот „Свети Никола“, над с.Прилепец.
– Плус обезбедивме 1,2 милиони евра пари од Светска банка за изградба и санација на улиците за Прилеп.“ констатира Сугарески.

Министерот ги истакнува и проектите од комуналната сфера:

„Завршивме со изградба на дел од канализациона мрежа во н.м. Големо Коњари,
– Завршивме со изградба на дел од фекална канализација во Големо Коњари
– Во фаза на подготовка е изградба на канализација и пречистителна станица за н.м Мало Коњари.
– Со средства од ЕУ се изгради пречистителната станица која ќе ги прочистува отпадните води од Прилеп и околината.“.

Сугарески нагласува дека за Прилеп гасификацијата е приоритет и додава дека во завршна фаза е изградбата на магистралниот гасовод Неготино – Прилеп – Битола.

Тој потенцира дека оваа Влада ја препозна маката на тутунарите и на огромно задоволство на сите ги зголеми субвенциите и тоа 80 денари за прва класа, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа.

„Преку МЕПСО инвестиравме над 1 милион евра во модернизација на трафостаницата во Прилеп со што обезбедуваме квалитетна струја

– Привршува изградбата на ИКТ центарот, објект од стратешко значење на државата.

Не запираме тука! Можеме уште повеќе и уште подобро! Остануваме посветени на сигурната иднина на граѓаните и нашата земја!“, пишува на Фејсбук министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.








 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Заев: Лидерска средба може да има до 30 мај, ден потоа почнуваат да течат изборните рокови

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Филипче од Карпош: Кога една власт ја губи довербата од народот, тогаш измислува непријатели

October 6, 2025
Фото: Шанса за Центар

Ивановска: Обнова на СРЦ Кале – спортот не смее да биде луксуз

October 6, 2025
фото: Кабинет на претседателката

Сиљановска Давкова – Бегај во Драч: Земјите членки на Унијата сакаат многу брзо да го видат регионот во рамките на ЕУ

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слушнавме експлозија, земјата се стресе, мислевме дека е земјотрес, сведочат жители за водоводниот дефект во Влае

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk