ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Подобро да си пијан, отколку стар!

May 24, 2020 12:27
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Една пријателка ми вели: Тричко, дали забележуваш дека Македонците многу неубаво стареат, како да минуваат преку некоја линија зад која престануваат да се сакаат себе си, се отуѓуваат од себе, последните остатоци од својата љубов и живост, им ја посветуваат на своите деца и внуци, или на песот, на рибите и мачките или што веќе имаат од домашни миленици, дури мислам дека и тука додаваат не мала доза неприроден, театрален, патетичен, наќевски сјај, обидувајќи се да ја оправдаат смислата на (не)постоењето, со пренагласена љубов кон надвор и преголем презир или рамнодушност кон себе.

Физички се запуштаат.

Како да го предаваат своето тело на судбината.

Хигиената ја сведуваат на минимум.

Што ќе облечат и обујат се теми околу кои воопшто не се ангажираат надвор од аспектот на „здравоста“ на тоа со што ќе излезат надвор.

Да е топличко.

Или, обратно, да не се свари човек во ова.

И тоа е сѐ.

Стилот и естетиката им се последна дупка на кавалот на дневниот ритуал.

Драстично ја намалуваат километражата.

Престануваат да патуваат. Особено на подолги релации. Љубопитството им е прво на листата за самоубивање. Никогаш не заминуваат нешто да видат, уште помалку-да научат, воопшто престануваат да учат, тој процес почнуваат да го сметаат за најбесмислената работа на светот, не мислат дека веќе се имаат научено, но непоколебливо веруваат во тоа дека тоа што го знаат е тоа, сосема доволно и-крај.

Техничко-технолошкиот развој ги заглупавува, не ги опаметува, туку ги заглупавува, им го стеснува когнитивното поле и, спротивно на очекувањата и на можностите, им го фиксира искуството и го исклучува од натамошно збогатување.

Освен тоа им го засилува субјективното чувство на незадоволство затоа што многу работи не можат да совладаат, што дополнително ги тера да се повлекуваат во себе во ставот дека животот за нив е практично завршен.

Се чувствуваат како рането животно кое се одделува од стадото за да не го забавува, а и како жртва која ќе ги задржи и задоволи, макар за момент, волците на новиот живот кои чекаат во шумата.

Всушност, ја препушта сцената не на волци, туку на одвратни шугави кучиња.

Тие излегуваат од мелодрамата за да може да се постави трагедијата на животот.

Не одат на одмор, на излети, на море или в планина, не одат никаде. Се затвораат во својот дом, ако имаат куќа, дворот им е се, ако се во стан одат по неколку пати на тераса, просто да ѕирнат какво е времето, да остават или да земат нешто, зимница, ракија, сирење и толку.

Телевизорот е нивното царство.

Тој апарат е главниот уништувач на нивните животи.

А идиотските програми се софтверот на нивната смрт додека уште се живи.

Физички ги фиксира и ментално ги осакатува.

Особено контактните и дебатни програми со таканаречените политички содржини. Тешки кретенчуги секој момент им влегуваат во домовите и спржуваат по некоја синапса во нивните мозоци.

Ма, какви синапси, целите мозоци им одат по ѓаволите.

Всушност, тоа се лепешки со кои стариот човек се облепува себе си како куќа од ќерпичи: топло му е, малку му подзасмрдува, но тој е жив и чека во редот за умирање.

Редот му е важен.

Внимава да не некој му се убута преку ред.

Неверојатно.

Ја запоставуваат и исхраната.

Никој повеќе не води сметка за структурата, протеини, минерали, шекери, витамини, само тоа што е најблиску и наједноставно, често подгреана манџа од вчера, сиренце и лепче, може зелка, со некоја чашка ракија и толку, да, кисело млеко, кравјо, ајварче, везена пиперка во посно гравче.

Луѓето се самоисклучуваат од сите амбиции и проекции.

Од сите очекувања.

Од задоволствата што животите ги нудат и на поодминати години.

Многу се лошо подготвени за траумите на животот.

Болестите, смртните случаи во потесната фамилија, често се земаат како знак дека светот е непријателски, бесмислен и заедно со него и животот.

Љубовта е прокажана во општиот културен модел.

Стигматизирана е како болест.

Сексот е смртен грев на малку постари години.

Манијачка работа на болни поединци.

А уште Гомбрович има пишувано дека младоста на стари години може да се обнови преку однос со младоста. Тоа тој го поминал како филозофско и лично егзистенцијално искуство. Тука е тоа пострашна опција од тоа да земе човек и да се убие себе или друг да убие.

Кај Витолд стареењето почнува на околу 30 години. Мислев дека е премногу строг. Јас зборував со еден комшија кој на времето учествувал во некое истражување и тој ми рече дека Гомбрович е во право односно дека нивното истражување покажало дека надолниот тек на животот почнува веќе на 29 години.

Циниците велат дека короната е најдоброто средство против педофилијата.

Јас ја споделувам таа сериозна хуморност.

Но, димензиите на сепарацијата на луѓето над 65 години во актуелнава пандемија, ги надминаа, според моето скромно мислење, медицинските причини и отидоа во зоната на биосегрегација. Кои само ја засилуваат темата на ова обраќање.

За правата, но, повеќе, од тоа, за односот кон себе.

Тоа е, претпоставувам, димензија на биологијата. Културниот модел, филозофскиот концепт или техничко-технолошкиот развој, можат таа граница значително да ја кренат. Во тоа сум сигурен. Се разбира и личната, ментална, па, понекогаш, и генетска кондиција. Но, и односот на општеството. На државата. На институциите.

Пишувајќи го ова, јас го имам предвид социјалниот и финансиски аспект. Сиромашниот човек често се сведува на чиста биологија. Тој нема сила за димензиите на кои инсистира мојата маленкост. Но, јас, всушност, тврдам, дека квалитетот на животот што сега го живее просечниот граѓанин што обично се означува како стар, за чиј живот толку многу се грижат политичарите, може значително да отиде горе во својот квалитет и при вакви плати, пензии, помошти и други социјални контексти. Се разбира, тоа не значи дека треба да сме задоволни од сегашните односи, напротив, само сакам да кажам дека аспектот на личната одговорност за себе, никогаш не треба да ја префрламе на друго место.

Сакам да го завршам текстот со задоволството што го чувствувам кога ќе сретнам постар човек или жена кои си ги носат годините како што планинарот си го носи ранецот на грбот. Просто, убаво изгледаат на карпата на животот.

Сретнувам такви мажи, но особено ме воодушевуваат жените. Пријателката од почетокот на овој текст ми вели дека тоа се жени кои професијата ги терала подолго време да останат убави и здрави. Глумици, певици, балерини, човечки остатоци, ако така грубо може да се каже, од некогашната висока средна класа. Тие ми ја активираат меланхолијата и убаво ми е.

На 68 години.

Ми фали уште Моника Белучи, хахаха!

 


Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се оставени сами на себе – цените растат, стандардот опаѓа

May 15, 2025
Фото: ВИ

Мбапе се запиша во историјата на Реал Мадрид

May 15, 2025
Фото: Скриншот

Напаѓачот на Нотингем Форест се разбуди од кома по операцијата

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И Латас се вклучи во кампањата на вмровските ботови за ширење на фотомонтажа од „визите“ на Заев и Филипче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk