ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Спасовски: Рамазан Бајрам и делата на Св. Кирил и Методиј нè обврзуваaт на визионерство и во услови на Ковид-19

Оваа година Рамазан Бајрам, како празник на обновата на духовната сила има посебно значење заради пандемијата на КОВИД-19

May 24, 2020 16:18
in ДЕНЕС, МУЛТИКУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Оваа година Рамазан Бајрам, како празник на обновата на духовната сила има посебно значење заради пандемијата на КОВИД-19 и повикува на почитување на препораките за да се заштитиме себе си, нашите блиски и сите околу нас. Во име на Владата на Република Северна Македонија, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, им го честита на сите граѓани државниот празник 24 мај, „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители. Честитката можете да ја погледнете во неговото видео обраќање.

Почитувани граѓани на Република Северна Македонија, честит 24 Мај, Денот на Светите браќа Кирил и Методиј.

Со денешниот празник, Денот на сесловенските просветители, одбележуваме еден исклучително значаен цивилизациски процес за Северна Македонија, Европа и светот, остварен преку нивните мисии меѓу словенските народи во деветтиот век.

Темелот на овој процес е создавањето на првата азбука – глаголицата, од која подоцна нивните  следбеници, пред сѐ, Свети Климент Охридски, ќе ја создаде кирилицата како основа за стандардизација на македонскиот јазик и писмо.

Светите браќа овозможија Библијата да биде достапна за сите Словени и старословенскиот јазик да се воведе во црковните служби. Истовремено, тие и нивните ученици, ќе започнат и далеку поширока културна активност преку описменување на населението, превод на книги и формирање на книжевни школи, од кои подоцна ќе произлезе и Светиклиментовата охридска школа.

Почитувани,

Епохалното дело на Светите Кирил и Методиј, на различните словенски народи им овозможи самоуверено да зачекорат на светската цивилизациска сцена.

Во тој дух ние денеска можеме да кажеме дека оддаваме почит на делото на Светите браќа, заедно со сите останати словенски и други народи, кои чувствуваат ист долг кон нивната мисија и наследство, и ги слават со достоинство и чест.

Затоа и Папата Јован Павле Втори во својата енциклика, послание, од 31 декември 1980 година, ги прогласи Светите браќа за заштитници на Европа.

Почитувани,

Во време кога се соочуваме со пандемијата предизвикана од КОВИД-19, и кај нас и во светот се наметнува неопходност за една нова нормалност со поинаков начин на функционирање, вклучително и во образованието. А токму наследсвото кое ни го оставија Светите браќа Кирил и Методиј не потсетува и обврзува на потребата од визионерство во организирањето на образовниот процес преку употребата на алатки што ги нуди современата технологија.

Светите браќа како покровители на просветните работници се инспирација и за нивната работа, како и за работата на образовните институции во нови услови, за да се оствари едукативниот процес за секој ученик и во оваа вонредна состојба и во оваа прилика упатувам честитки до сите вклучени во овој процес.

Нека ни е честит и вековит 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј!

– На сите припадници на Исламската вероисповед во нашата земја, во мое, и во име на Владата на Северна Македонија, упатувам најискрени честитки по повод големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам.

Оваа година Рамазан Бајрам, како празник на обновата на духовната сила којашто ја зајакнува вербата на луѓето во доброто, вистината, правдата и поттикнува желба за меѓусебна почит, разбирање, солидарност, има посебно значење заради актуелната здравствено-економска криза предизвикана од пандемијата на КОВИД-19.

Светиот месец Рамазан е најблагородниот и најсреќниот месец за граѓаните од исламската вероисповед.

Крајот на постот и дарбите што се стекнуваат за време на месецот на одрекувањето и воздржувањето, ги украсуваат верниците со дух на трпение, несебичност и дарежливост за да се споделат благодатите на празникот со членовите на семејствата, роднините, пријателите и соседи, се вели во честитката од премиерот Спасовски.

Во овие услови, порачува Спасовски, Рамазан Бајрам не повикува да се соочиме со предизвиците, кои ги носи оваа глобална здравствено-економска криза,  и врз начелата на почитување и солидарност да продолжиме заедно по патот што го избравме, здружено и единствени.

– Градиме заедно едно општество за сите граѓани, со еднакви шанси за секој и знам дека само заедно ќе успееме најбрзо и најбезболно да ги пребродиме сите, па и овие последиците од кризата.

Во духот на празникот Рамазан Бајрам како одговорни граѓани кон себе, кон своето семејство и кон државата, да ги почитуваме препораките за предострожност и заштита со носење на заштитна опрема и за одржување безбедна физичка дистанца. Оваа година да прифатиме дека со почитувањето на здравствените безбедносни препораки ќе се заштитиме себе си, нашите блиски и сите околу нас.

На крајот дозволете ми да ви посакам празничните денови да ги поминете во радост и спокојството на домот, во добро здравје и духовна сила!

Бајрам Шериф Мубарек Олсун – Нека биде благословен и честит празникот Рамазан Бајрам, се вели во честитката од премиерот Спасовски.

Next Post

Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј одбележан во Рим

Shortcut

Најново

Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

October 13, 2026

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk