ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Зошто ВМРО-ДПМНЕ им дава шанси на жолтите комбиња на параполициските структури од СДСМ да побегнат?

May 25, 2020 14:35
in ESPRESSO, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

– Параполициските структури на СДСМ мотивирани единствено од политички причини да допринесат за владеење на овој хибридно криминален режим воден од фамилијата Заеви и СДСМ го следат раководството на ВМРО-ДПМНЕ и нивните семејства и најблиски, тврди Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ е цел на нелегално телефонско и физичко следење. Ова следење е организирано и реализирано преку двете безбедносни агенции со кои што раководат СДСМ и Зоран Заев. За ова постојат сериозни докази и ова ќе биде докажано на два начини. Веднаш штом се формира новиот парламентарен состав и мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, вели Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ во соопштението за јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ во моментов има Министер за надворешни работи во Владата, кој пред некој ден изјави дека нема пријави дека раководството на партијата ВМРО-ДПМНЕ е следено и прислушувано.

„Досега до МВР нема пријава дека е следено и прислушкувано раководството на ВМРО – ДПМНЕ. Доколку дојде, ние согласно оперативните процедури ќе постапиме и ќе го информираме Јавното обвинителство, рече техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Министерот Наќе Чулев потенцира дека тој нема сознанија, нема добиено пријава за прислушкување или следење на политички претставници.

Ако Чулев нема сознанија, како што тврди, тогаш има три тези за разработка на овој заплет:

– Или некаде во раководството на ВМРО-ДПМНЕ има прекин на комуникација;

– Или раководството на ВМРО-ДПМНЕ не му верува на својот кадар кој во моментов е на челната позиција во МВР;

– Или пак министерот Чулев не ја кажува вистината кога вели дека нема сознанија за прислушување или следење на политички претставници.

Исто така многу е чудно тоа што ВМРО-ДПМНЕ како опозиција се обидува на секој можен начин да го одложи одржувањето на предвремените парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ на последната лидерска средба експлицитно се противи на тоа да има избори што поскоро, „аргументирајќи“ дека се загрижени за здравјето на граѓаните и опасноста од ширење на коронавирусот. Само неколку дена после тоа ДПМНЕ се залага за олабавување на времените мерки за ограничување на движењето за време на празничниот викенд. Малку чудно е да се стави корелација во овие два ставови искажани од истото раководство, но ајде, не им е прв пат.

– Зоран Заев не смее да бега од избори. Одложувањето на изборите само ќе нè втурне во политичка криза и економска апатија, изјави Мицкоски уште на 6 февруари.

Ако навистина имаме таква катастрофа од владеење, како што прикажува Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, ако раководството на најголемата опозициска партија тврди дека е следено и прислушувано од параполициски структури. а при тоа ни министерот што е кадар нивни кадар не знае за тоа, ако на крај тоа раководство бара олабавување на мерките за движење за време на празничен викенд, тогаш навистина останува огромна непозната(?) зошто ВМРО-ДПМНЕ бега од избори?

Нели врхушката од ВМРО-ДПМНЕ е свесна дека одложувањето на изборите и неможноста брзо да ги процесираат обвинувањата дека се следени од параполициски структури од СДСМ , тоа автоматски значи и можноста да ги обелоденат божемните „жолти параполициски комбиња“ на СДСМ, се одолговлекува во недоглед?

Нели тоа значи дека на тие параполициски структури од СДСМ што тврдите дека ве следат им давате шанса да се рекомпонираат или сликовито да го парафразирам Ордановски, им давате шанса на жолтите комбиња да летнат, господо од ВМРО-ДПМНЕ?

 

 

 

Next Post

15: Потврдени 21 нови случаи со Ковид-19, од нив 9 се од Чаир, две се текстилни работнички од Штип, утре се отвора ЗОО Скопје

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Филипче: Македонија доби најлош извештај од ЕУ во последните 10 години

November 5, 2025

„V for Vendetta“: Како Лондон стана сцена на забранетата револуција и моќта на „Запомнете го петти ноември“

November 5, 2025
Фото: „Или-Или“

„Ноември“ – дебитантска стихозбирка на Игор Анѓелков

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk