Комисијата за заразни болести ги демантира информациите кои се пласирани денеска во одредени медиуми дека на утринскиот состанок е донесена одлука за целосно олабавување на мерките заради тоа што истите не се почитувале од граѓаните.
Сите досегашни мерки и предлози до Владата, Комисијата за заразни болести ги носи врз основа на темелни анализи на состојбата со епидемијата во земјата.
Денеска на прес конференција, ставот на Комисијата детално ќе го образложи Др. Жарко Караџовски, претстедател на Комисијата за заразни болести.
Комисијата за заразни болести ѝ препорачува на Владата укинување на полицискиот час, отворање на копнените граници од 1 јуни, отворање на угостителските објекти, но само летните бавчи со одржување дистанца.
Владината прес служба најави редовна седница на Владата, на која се наоѓаат повеќе точки од дневниот ред. На оваа седница се очекува да се најдат и предлозите на Комисијата за заразни билести, која предлага отворање на границите од 1 јуни, на угостителските објекти од четврток и укинување на полицискиот час. Каква одлука ќе биде донесена, ќе се знае доцна попладне.