ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Не е време за опуштање

May 26, 2020 22:47
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: КРИСТИНА КОСТОВА

Укинувањето на полицискиот час не треба да промени многу. Редовно и темелно одржување хигиена, носење маски, одржување физичко растојание и избегнување близок респираторен контакт треба да останат во навиките на колективот.

Чекањето во ред пред продавница, аптека, банка, супермаркет за да се запази бројот на по два-тројца купувачи истовремено исто така треба да продолжи да ни биде навика. Плаќањето со картичка, а не во кеш, треба да ни остане навика засекогаш. Сѐ уште не е време за големи собири, без разлика дали станува збор за слави, пријателски седенки или прослави.

Сѐ уште не е време за патувања, освен ако не се неодложни. Вирусот не е поразен. Сите сме одговорни за спречувањето на неговото ширење. Ќе мораме самостојно да избереме да ги жртвуваме старите навики, големите дружби, прегратки, сето она што многумина го припишуваат на „топлиот балкански менталитет.“

Полициски час и ограничено движење немаше само во нашата земја, туку и во соседството, а и во Италија и Шпанија, каде во одредени делови сѐ уште се на сила строги мерки кои го ограничуваат движењето. За разлика од земјите во јужниот дел на Европа, посеверно полициски час воопшто не беше воведен, но беа затворени многу различни видови економски оператори, а основните препораки за одржување хигиена и физичко растојание се применуваат без некои особени проблеми.

Некој ќе рече „па, тоа е дел од нивниот менталитет, тие секако немаат навика на големи, чопоративни дружби, секако улиците им се празни по девет навечер…“ И тоа можеби е точно, можеби одредени мерки се покажаа како полесно применливи во контекст на нивните одамна усвоени начини на функционирање. Но, токму тоа дава само дополнителна потврда на тврдењето дека не е време за опуштање.

Полицискиот час од утре се укинува. Граѓанките и граѓаните повторно ќе имаат право на слободно движење во секој дел од денот. Важно е тоа време правилно да го користиме. Повеќе и подолги прошетки во природа, на отворено, а избегнување на големи групирања, толпи и турканици.
Тоа е враќањето во нормала кое нѐ очекува, односно таа „нова нормала“ на којашто уште треба да се привикнуваме.

 


Сите права се задржани.
Next Post

Филипче на Алсат: Трансплантацијата на срце е историски успех, имаме контрола врз вирусот, избори може да се одржат со почитување на мерките

НАЈНОВО

ВИ

Розови таблички за возилата: Франција воведува нова боја за привремена регистрација за да спречи измами

October 31, 2025

Отворен е рокот за пријавување за субвенциониран студентски оброк

October 31, 2025

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Во Аеродром постои силно опозициско расположение, да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk