Регулаторната комисија за енергетика ги утврди новите цени на нафтените деривати во земјава. Информациите не се најповолни за потрошувачите бидејќи со оваа одлука цените ќе скокнат до три денари за литар. Со новите измени „Еуросупер 95″ ќе се продава по повисока цена за три денари и од ноќеска на полноч литар од ова гориво ќе чини 57,50 денари.
Цената на „Еуросупер – 98“ зајакнува за дополнителни 2,5 денари и сега литар бензин од овој тип ќе чини 59,50 денари.
И нафтата со поголема корекција. Цената расте за дополнителни 2,5 денари со што корисниците на ова гориво ќе мора да издвојат по 49,50 денари за литар.
Цената на екстралесното масло за домаќинство се позиционира на цена од 37,50 денари.