Според анализите на Комисијата за заразани болести, Владата на денешната седница донесе неколку одлуки, изјави премиерот Оливер Спасовски.
- 27 престанува забрана за движење полициски час,
- 28 почнуваат со работа угостителски објекти кои имаат летни тераси, со посебен протокол, оние кои немаат тераси ќе бидат опфатени во следната фаза.
- 0д 1 јуни ќе престанат да важат заклучоците на Владата со кои различни категории на граѓани беа ослободени на работа по различни ознови се враќаат на работа, редовно и тековно да ги извршуваат работните обврски. И ова одлука ќе биде придружена со соодветен протокол за работа. Ова не важи за хронични болелни и за родители на деца до 10 години.
Задолжителен државен карантин за граѓаните кои доаѓаат со хуманитарни летови се заменува до домашна изолација, со приложен ПСР негативен тест од Ковид -19 направен во последните 72 часа.
Според Спасовски, според анализите, Ковид -19 е под контрола и здравството може да се справи со вирусот.
„Ова не значи дека коронавирусот е победен. Секое релативизирање оди на штета на борбата против овој вирус“, рече Спасовски.
И.Т.З.