Според неофицијални информации на Centar.mk Владата на денешната седница одлучи полицискиот час да се укине од утре, а почнуваат со работа и кафетериите и рестораните.
Сепак ќе мора да се почитуваат строго мерките за заштита кои се донесени од Владата.
Ве информираме дека претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, министерот за здравство, Венко Филипче и д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, денеска, 26.05.2020 (вторник) со почеток во 19:00 часот, ќе одржат прес-конференција.