ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Антикорупциска ќе бара од ДПИ вонреден инспекциски надзор за постапката за избор на ректор на УКИМ

Во изминатите два дена Независниот академски синдикат (НАкС) и тројца проректори на УКИМ реагираа на постапката за избор на ректор што ја спроведува Јанкуловски, кој се кандидира за нов мандат, обвинувајќи го дека го крши Законот за високо образование.

May 27, 2020 10:14
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Антикорупциската комисија ќе упати барање до Државниот просветен инспекторат (ДПИ) да изврши вонреден инспекциски надзор за примената на Законот за високото образование и Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во однос на постапката за избор на ректор на УКИМ,  за избор на претседател на Сенатот и да преземе мерки согласно своите надлежности. 

Антикорупциската постапи по пријава во врска со функционирањето на Сенатот на УКИМ и најавата за отпочнување на постапка за избор на ректор на универзитетот и спроведе проверка на постапувањата на ректорот Никола Јанкуловски во однос на усогласеноста со Законот за високо образование и со Статутот на УКИМ, како и од аспект на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси дали овие активности тој ги води во ситуација што може да се оквалификува како состојба на судир на интереси.

Според пријавата до Антикорупциската, има три околности кои може да доведат до заклучок дека постои судир на интереси – ректорот постапувајќи од позиција на претседавач на Сенатот на УКИМ, презема активности за формирање Универзитетска изборна комисија за избор на ректор, со што доколку се јави како кандидат за нов мандат за ректор директно се доведува во состојба на фактички судир на интереси.

Иако Статутот на УКИМ е донесен во јуни 2019 година, досега не е спроведена постапка за избор на претседател на Сенатот, ниту, пак, е дадено право на највозрасниот член на Сенатот да ги врши работите на претседател на Сенат, што е предвидено со  член 159 од Статутот.  Постапувањата за започнување и за спроведување избор на ректор во вонредна состојба се спротивни на Уредбата на Владата од 24 март 2020 каде што се вели дека за времетраењето на вонредната состојба мандатот на членовите на органите и телата се продолжува до завршувањето на вонредната состојба.

– Ова дотолку повеќе што со Статутот на УКИМ, донесен на 28 јуни 2019 година, попрецизно се уредени постапките за избор на органите и телата на Универзитетот. Имено, со член 159 од Статутот на УКИМ претседателот на Сенатот се избира од редот на сенаторите, а до неговиот избор, работите од надлежност на претседател на Сенат ги врши највозрасниот присутен член на Сенатот. Актуелниот ректор покрај функцијата ректор, врши улога на претседавач на Сенат, користејќи ги преодните и завршните одредби од новиот закон, во смисла дека ректорите, проректорите … ја вршат својата функција до истекот на нивниот мандат, иако и со Законот за високо образование и Статутот е јасно дека тоа е нова функција, се наведува во соопштението на Антикорупциската комсија.

Во изминатите два дена Независниот академски синдикат (НАкС) и тројца проректори на УКИМ реагираа на постапката за избор на ректор што ја спроведува Јанкуловски, кој се кандидира за нов мандат, обвинувајќи го дека го крши Законот за високо образование. Тие реагираат на двојната функција на Јанкуловски, кој е и претседател на Сенатот што е спротивно на членот 96 од Законот.

Постапката за избор на нов ректор на УКИМ почна во март со онлајн-седница на Ректорската управа, а продолжи вчера со предлог-одлука на дневниот ред за начинот на спроведување на тајното гласање за формирање на Универзитетска изборна комисија.

Од НАКС велат дека ако одлуката се усвои, не е јасно како ќе се спроведе тајното гласање зашто според нивните сознанија, немаат лиценциран софтвер кој ќе гарантира точност и тајност на гласањето./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Каранфилова – Пановска: Пораките на Кошта се јасни, одговорност на власта е да го деблокира европскиот пат

May 15, 2025

Дојава за бомба во салата „Јане Сандански”

May 15, 2025
Зеленски во Турција. Фото: Скриншот

Преговори Украина – Русија утре во Истанбул, Зеленски ја напушти Турција

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk