ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бектеши: Најдоцна до петок ќе се донесе уредбата за платежните картички

Во текот на денов или најдоцна утре ќе се донесе уредбата за платежните картички, а се подготвува и уредбата за издавањето на ваучерите која до крајот на неделата, најдоцна во почеток на идната, ќе биде предложено и до Владата.

May 27, 2020 12:45
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Најдоцна до петок, пред завршување на вонредната состојба в сабота, ќе бидат донесени сите уредби од третиот пакет антикризни мерки. Нивното изготвување е при крај, соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Бектеши рече дека во почетокот на наредната недела сите граѓани ќе бидат информирани како ќе добиваат државна помош.

-Во текот на денов или најдоцна утре ќе се донесе уредбата за платежните картички, а се подготвува и уредбата за издавањето на ваучерите која до крајот на неделата, најдоцна во почеток на идната, ќе биде предложено и до Владата. Подготвени сме да ги донесеме пред завршување на вонредната состојба во сабота, најкасно до петок, имајќи предвид дека инстиуциите беа експедитивни, истакна министерот, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата на која информира дека се одземени концесии за минерални суровини во струшкото село Лабуништа.

Во врска со прoтоколите за кои угостителските објекти се жалат дека ги немаат сѐ уште добиено, а од утре некои од нив треба да почнат со работа, Бектеши повтори дека владината одлука донесена вчера важи и се однесува само на оние што имаат тераси.

Угостителите ќе можат да работат до 20 часот, со по максимум четири лица на една маса. Како што објасни Бектеши, протоколите се направени додека траеше вонредната состојба. Предвиденото дека во фази ќе се отвораат останува и тука нема значителни измени.

Протоколите се доставени до стопанските комори.

-Владата и Министерството за економија веќе добија забелешки од коморите за протоколите доставени до нив. Ние веќе донесовме одлука за отворање на угосителските објекти од утре, но таа важи само за оние што имаат тераси и согласно протоколите за простор, дезинфекција и однесување и на клиентите и на угостителите. Одлуката е само да работат објектите кои имаат тераси и да ја почитуваат дистанцата. Имавме подготвен протокол од страна на Комисијата за заразни болести кој требаше да се одвива во три фази. За донесувањето на вчерашната одлука го почитувавме предлогот на Комисијата за втората фаза каде е предвидено отворање само на оние објекти кои имаат тераси согласно протоколите. Речиси 99 отсто од сите предлози на Комисијата дадени откако почна вонредната состојба се прифатени од Владата, така одлучивме и овојпат, да го почитуваме предлогот на Комисијата. Ќе ја следиме ситуацијата, како се почитуваат протоколите и препораките усвоени на вчерашната седница, ако се почитуваат ќе ги отвораме и тие што се затворени, истакна министерот.

За екстра лесното гориво одлука се уште не е донесена. – Многу е важно да се наведе фактот дека Министерството за економија ги направи најважните измени во делот на енергетиката, нафтата и нафтените деривати, сите засегнати страни се вклучени во изготвувањето на правилнциите, и големите и малите компании. Тие ги дадоа своите предлози, а учествуваа и во јавната расправа. Согласно нвните предлози и анализите на царинската управа и бирото за метрологија ќе се донесат соодветни одлуки, тогаш ќе објавиме и што покажале анализите, голем дел од компаните тоа го знаат.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

ДКСК бара да се спроведе Законот за дивоградби на крајбрежјето на Охридското езеро

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Филипче од Карпош: Кога една власт ја губи довербата од народот, тогаш измислува непријатели

October 6, 2025
Фото: Шанса за Центар

Ивановска: Обнова на СРЦ Кале – спортот не смее да биде луксуз

October 6, 2025
фото: Кабинет на претседателката

Сиљановска Давкова – Бегај во Драч: Земјите членки на Унијата сакаат многу брзо да го видат регионот во рамките на ЕУ

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слушнавме експлозија, земјата се стресе, мислевме дека е земјотрес, сведочат жители за водоводниот дефект во Влае

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk