ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КРИМИНАЛ

Кривични пријави за 20 наставници од ОУ „Кузман Шапкарев” во Драчево, овозможиле изготвување лажни свидетелства

May 27, 2020 16:48
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи – Скопје поднесе кривична пријава против В.Н. (56), вработена во ОУ „Кузман Шапкарев” во населба Драчево, која, злоупотребувајќи ја својата службена положба, овозможила изготвување свидетелства за четири ученици одселени од земјава.

Според МВР, В.Н. поттикнала наставници и одделенски раководители да не ги запишуваат учениците како отустни од настава, а на одржаните наставнички совети да изгласаат нивно оценување врз основа на што била изготвена целокупна педагошка евиденција со невистинита содржина.

Кривични пријави се поднесени и против наставниците, вкупно 20, кои во својство на службени лица, под влијание на В.Н. ги извршиле незаконските дејства. Станува збор за П.И. (46), Н.Д.Б. (63), С.Л. (57), М.М. (54), П.Б. (39), З.А.Ѓ. (45), В.А. (41), С.А. (41), Г.С.А. (45), С.Ц. (57), Д.Ц. (39), М.Д. (45), Г.Ј. (53), Б.К. (39), М.В. (51), Б.Н. (37), Т.Г. (39), Р.С. (61), С.С.М. (41) и Л.С.П. (58) сите од Скопје, вработени во ОУ „Кузман Шапкарев”. Сите се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување исправа”.

-Првопријавената во текот на учебната 2018/2019 година, со цел да им прибави корист, односно да им овозможи да се здобијат со свидетелства за завршена учебна година на четири ученици од училиштето кои подолг временски период во текот на учебната година биле надвор од државата и не присуствувале на настава, ги поттикнала и влијаела кај останатите горепријавени, предметни наставници и одделенски раководители, на одржаните наставнички совети да изгласаат оценување на отсутните ученици, врз основа на што била изготвена целокупна педагошка евиденција со невистинита содржина. Пријавените наставници, исто така во својство на службени лица, под влијание на првопријавената, иако знаеле дека четворицата ученици се одселиле од Македонија, односно не доаѓале на настава во соодветните паралелки, не ги запишувале (евидентирале) учениците како отустни од настава во евиденцијата на паралелките и извршиле фиктивно оценување на учениците за периодот додека биле отсутни, со што ги пречекориле своите службени овластувања и овозможиле изготвување на Свидетелства за завршена учебна година, наведува МВР.

Државниот просветен инспекторат до МВР достави Известување според кое на 02, 05, 08 и 12.07.2019 година е извршен вонреден инпсекциски надзор во „Кузман Шапкарев“, по претставка од општина Кисела Вода, при што се констатирани повреда во постапката за водење на педагошката евиденција и документација, како и повреда со неевидентирање на изостаноците на учениците кои биле отсутни подолг временски период.

Next Post

Десет лица во карантин во охридски хотел излегувале и недолично се однесувале

НАЈНОВО

Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Судијка трајно го блокира распоредувањето на Националната гарда во Портланд

November 8, 2025

Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК

November 8, 2025

ЛДП ќе бара поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk