ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Жан Тод и AutoBest започнуваат со соработка за да се спасат милиони животи

На крајот на секој ден, кога сонцето заоѓа, избришана е иднината на петстотини деца кои утрината го видоа како изгрева. Ова не може да се смета за нешто вообичаено“, рече г-дин Жан Тод, претседателот на FIA и горд член на AutoBest алејата на славните

May 27, 2020 16:16
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Легендарниот поранешен шеф на Формула 1 тимот на Ферари – Жан Тод неодамна ја објави својата книга „Милиони животи да се спасат на патиштата“ со која сака да привлече внимание на милионите луѓе кои ги губат своите животи секоја година во сообраќајни несреќи и да го подигне гласот за револуција во безбедноста на патиштата, онаква што ќе опфаќа пристап до „безбедносен систем“ со амбициозна цел целосно да се елиминираат смртните случаи. Тод повикува на глобален самит за безбедност на патиштата, креиран според самитите за Земјата кои направија толку многу за да ни помогнат да се фокусираме на иднината на планетата.

„Ние ја знаеме големината на проблемот и што треба да се направи. Време е да исчекориме и да донесеме радикални промени. Итно ни треба акција од владите ширум светот.“ апелира Жан Тод

Секоја година околу 1,4 милиони луѓе гинат во судири со моторни возила, а многу други се повредени. Сепак, оваа глобална трагедија останува скриена од погледите на јавноста. Настраданите премногу често се прифатени како дел од нормалниот редослед на нештата. Заборавените 1,4 милиони кои секоја година гинат на патиштата заслужуваат наследство во облик на побезбеден свет. Многу од нивните смртни случаи ќе можеа да се спречат: решенијата се во нашите сфаќања.

AutoBest жирито ги поддржува напорите на Жан Тод за подобра безбедност во сообраќајот, спроведувајќи проекти за значително намалување на бројот на жртви. Како најголемо во Европа според бројот на застапени земји – вкупно 31 претставувани од независни автомобилски новинари, AutoBest разгледува специфични свои активности за да ги направиме нашите патишта многу побезбедно место за стотиците милиони луѓе кои секој ден се на нив. Дури и ако 25-те илјади смртни случаи годишно на европските патишта би можеле да изгледаат како дел од „нормалниот ред на нештата“, AutoBest смета дека тоа е далеку од нормална бројка за една од најнапредната мрежа патишта во светот и за возен парк кој е еден од технолошки најдобрите.

Биографијата на Жан Тод во мото-спортот, е импресивна. Откако ја започна својата кариера како рели совозач од светска класа и од 1966 до 1981 година освои многу шампионски титули во рели, крос-кантри и трките на издржливост како директор на Peugeot Sport, Жан Тод продолжи со огромниот успех во формула 1 како шеф на тимот на Ferrari кој доминираше во спортот на крајот на милениумот. Тој беше избран за претседател на Меѓународната автомобилска федерацијата во 2009 година, а од 2015-тата е специјален претставник на генералниот секретар на Обединетите нации за безбедност на патиштата.

Ј. Ѓ.

 

Next Post

Од утре ново работно време на одделенијата на МВР во Скопје за вадење на лични документи

НАЈНОВО

Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Хиларија Болдвин откри: Со Алек одиме на брачно советување поради големата разлика во години

November 14, 2025

Советот на Град Скопје го усвои ребалансот на Буџетот; Ѓорѓиевски – завршува периодот на застој и започнува нова фаза на стабилизација и развој

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Минималната плата да биде 600 или 700 евра: Анкета на ССМ покажува силна поддршка за итно зголемување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk