ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

November 14, 2025 11:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христјан Мицкоски коментираше за средбата на коалициските партнери од ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека станува збор за редовни коалициски координации и дека наскоро ќе бидат објавени конкретни информации за пополнувањето на испразнетите позиции во Владата.

– Редовни координации на коалицијата. Во текот на деновите ќе се знае повеќе. Да бидеме трпеливи, многу наскоро ќе има информации, изјави Мицкоски, додавајќи дека средбата не била наменета за широка реконструкција, туку за пополнување на испразнетите места по локалните избори.

Министерот за економија, Бесар Дурмиши, потврди дека лидерите на ВЛЕН редовно разговараат за програми, кадри и идното функционирање на Владата, но немало информации за конкретните теми од вчерашниот состанок.

– Лидерите на ВЛЕН имаат редовни средби со премиерот Мицкоски, се дискутираат програми, кадри и идното функционирање на Владата, но конкретно за последниот состанок немам информации, изјави Дурмиши, нагласувајќи дека шпекулациите за негово евентуално вклучување во реконструираната Влада се неточни.

Беким Сали прв заменик-премиер

По заминувањето на Изет Мехмеди, кој сега е градоначалник на Чаир, неговото место во Владата ќе го пополни Беким Сали како прв заменик-премиер. Министерството за животна средина и просторно планирање треба да му припадне на Демократското движење, каде Меџити претходно раководел.

За министер за животна средина се разгледуваат два кандидати: Мухамед Хоџа, поранешен портпарол во владите на Заев и Ковачевски, и Недим Рама, поранешен шеф на кабинетот на Меџити.

Пополнување на испразнетите места

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, истакна дека ова е првата средба на коалициските лидери по локалните избори. На состанокот се разговарало за соработката на локално ниво и за пополнување на испразнетите места.

– Сигурно е дека Беким Сали ќе биде прв заменик-премиер. Дали ќе има промени во ресорите на ВЛЕН и ВМРО ДПМНЕ, ќе се усогласи во коалицијата, изјави Муртезани, додавајќи дека целта е стабилно функционирање на институциите.

Ресорите и коалициската усогласеност

Премиерот Христијан Мицкоски инсистирал Сали да има конкретен ресор, бидејќи сите вицепремиери мора да имаат одговорност. Партиските извори истакнуваат дека се разгледуваат различни опции, вклучително и можност Сали да го преземе ресорот здравство, што би значело промена кај актуелниот министер за здравство, Азир Алиу.

Во врска со министерот за животна средина, Владините партнери допрва ќе усогласуваат дали ВЛЕН ќе го задржи ресорот и кој нов кадар ќе ја преземе функцијата.

Не станува збор за широка реконструкција

Според партиски извори, средбата не била наменета за широка реконструкција на Владата, туку за пополнување на испразнетите места. „Се пополнуваат само испразнетите места, не се прави реконструкција“, велат од партиите.

Мицкоски ја оцени средбата со ВЛЕН како редовна коалициска координација и не откри детали за тоа кој точно ќе го преземе ресорот животна средина.

„Бидете трпеливи, многу наскоро ќе се знае. Ако имав што повеќе да споделам, ќе одговорев“, изјави премиерот.

Партиските извори истакнуваат дека конечните одлуки за пополнување на ресорите ќе зависат од усогласувањето меѓу коалициските партнери, особено по конгресот на ВМРО-ДПМНЕ на 6 декември. Целта е да се обезбеди функционална Влада со стабилни кадри, која ќе може да ги продолжи реформските процеси и да одговори на препораките од Европската комисија.

Според партиски извори од владеачките партии, во периодот по конгресот ќе се размислува и разговара за одредени промени во Владата, но и дека не се исклучени опции за кадровски рокади – дел од актуелните министри да застанат на чело на други ресори.

Дестан Јонузи

Tags: ВладаВЛЕНВМРО-ДПМНЕХристијан Мицкоки
Next Post

Битиќи: Владата трупа партиски вработувања, ПИОМ станува неодржлив

EVN

НАЈНОВО

Фото: Армија

Воениот оркестар на Армијата приредија предновогодишен спектакл

December 16, 2025

Дијаспората испратила 310 милиони евра: Пад на дотациите од странство кон Македонија во изминатите три години

December 16, 2025

20 декември – денот на вистината за ДУИ, реформа или политички залез

December 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ONE BATTLE AFTER ANOTHER Тамара Котевска со Леонардо Дикаприо и екипата

    (ФОТО) Тамара Котевска со Леонардо ди Каприо и другите ѕвезди на затворен ВИП ручек за филмот One Battle After Another

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Ахмед Ал Ахмед – човекот што со голи раце го запре нападот врз Евреите во Сиднеј

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 15 декември 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е 11 годишната Лу Делез победничката на Детската Евровизија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Тајната вечера“ – делото што речиси го скрши Леонардо да Винчи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk