Во општина Прилеп денеска нема ново заболени од коронавирус, додека четворица оздравеле од заразната болест.
Од Центарот за јавно здравје Прилеп информираат дека од почетокот на пандемијата до денеска, регистрирани се вкупно 211 лица позитивни на КОВИД-19. Во моментов има 44 активни случаи, од кои 27 се наоѓаат на домашно, а 17 лица на болничко лекување.
Центарот за јавно здравје – Прилеп денеска го започна таргетираниот скрининг за вработените во градинките на територија на општините Прилеп, Крушево, Македонски брод и Кривогаштани. Тестирањето ќе трае два дена, при што ќе бидат тестирани околу 230 вработени во градинките.