Шест воени авиони на НАТО прелетаа над територијата на нашата држава во чест на полноправното членство на Северна Македонија во НАТО Алијансата.
Американските Б1 авиони вчера полетаа од територија на САД, од Јужна Дакота. Во 30 часовниот лет, на леталата им било налеано гориво додека биле во лет. Грчките воени авиони кои ги придружуваа американските, се од моделот Ф16.
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, заедно со амбасадорката на САД кај нас, Кејт Мери Брнс, го проследија прелетувањето на авионите пред Владата.
А. Н. Стојчевски
Видео монтажа: Ариан Мехмети