ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Белите црви на смртта

May 31, 2020 15:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Не сакам да ја бранам Шекеринска, туку да ги смачкам белите црви што од мртвото тело на една кауза ги гребат нашите очи и ни го замаглуваат погледот: УЧК не е антимакедонски феномен, драги мои, најмалку симбол, знак на националната катастрофа и несреќа, место на општото нарикачество, на поразот, македонистичкиот национализам кој на Македонците им овозможуваше да го ридикулизираат светот и да мислат дека го надитруваат светот и векот и поинаквите структури во општеството (Угрешиќ), можеби не е татко на УЧК, но сигурно е близок роднина, имаме значи крвни врски, ние сме блиска рода со УЧК, најмалку по победата во малата војна за рамноправност на Албанците, победата овенчана во Договорот од Охрид и во уставните промени, УЧК е македонски феномен, позитивен, можеби, дури и спасителен.

Крај.

Злосторства, страшни злосторства имаше во таа војничка, но за таа работа требаше да се мисли пред УЧК. Ова, просто нестварно просерување над сликата на Шекеринска, мене ме загрижува не толку во однос на нејзината емоционална состојба, хахаха, верувам дека може да ја боли онаа работа, туку за нивото на свеста и за самоубиствената бескрупулозност, проливниот национализам кој, всушност, не е национализам, туку е потврда форма на кретенизмот.

Зошто се сликала пред амблемот на УЧК!?

А зошто да не се слика?

Јас мислам дека влегла во собата и се сликала без да води сметка за амбиентот, но, подобро би било ако намерно се сликала под тој симбол.

Просто е нестварно за таа слика да приповедаат новопроизведени чудовишта од казанот на макединистичката кауза, Силјановска, цум бајшпил, не ми е верно во што се има претворено на општа и на своја штета и на штета на својата фамилија, жената која не е во состојба да забележи дека нејзиниот лидер и нејзиното политбиро, не се сликаа под амблемите на УЧК, туку до лидерот на УЧК и со неговиот, на Али Ахмети, политбиро и генералштаб, цели 11 години.

А и денеска, тоа што се живи можат да му го благодарат на УЧК.

Без УЧК, ВМРО ќе беше мртво.

Дури, мислам, дека и Македонија ќе беше мртва.

Зашто, кој е крајниот извод од овие напади!?|

Не тоа што се сликала туку тоа што не влегла во канцеларијата со тенк со кој ќе го набие симболот на цевката на топот, а градоначалникот со ѓулето во стомакот ќе го испрати на Караорман.

Па кај живеат овие луѓе.

Каролина.

Една моја стара симпатија.

И што ако Шекеринска не се сликала.

Каков е односот на несликањето кон УЧК во однос на сликањето.

И какови примени во однос на статусот на УЧК ќе предизвикаше евентуалното отсуство на професорските реакции.

На обичните будали, од Прилеп, да речеме, не сакам ниту да мислам.

Разочарувачки.

Белите црви од македонистичката мрша стануваат толку поагресивни колку што им се намалува мршачката маса.

Некој треба тие остатоци да ги фрли.

Коските и сувата кожа на мртвата.

Или да бидеме спремни да ги дочекаме во џигерот.

Еве уште една приказна за белите црви односно за вирусите и воопшто, за автоимуната болест кај Македонците.

Партите биле пред договор за изборите, но се случиле овие шпицеви на ковидот и договорот пропаднал.

Така некако рече претседателот по состанокот на Редот на лидерите во храмот на Водно.

Зошто пропаднал?

Поради интересот на Редот за здравјето на граѓаните!

Во рамките на протоколите на Редот тоа соопштение е како стрелка која во преостанатите нормални поединци ја вбризгува дрогата на будалите и тие стануваат интегрален дел од кретенизираното мнозинство. Тоа на Редот му овозможува комплетна контрола на ситуацијата. Со строга, но функционална поделба на работите: Институтот за вирусологија во белата зграда на вмро испорачува вируси и се грижи бројот на заболените да не падне под критичното ниво кое ќе обезбеди враќање на општеството и на државата во нормала, а другите членови на Редот се грижат овие од Институтот за вируси да бидат задоволни со што ќе се постигне консензусот во рамките на телото.

Јас пак мислам дека договорот не е пропаднат туку е постигнат.

И тоа со помош на короната.

Хахаха!

Колку корони се потребни за договор?

Толку колку што ќе овозможат да заразиме доволен број на луѓе за да предизвикаат реакција во јавност која ќе ја оправда вонредната состојба.

Реакција која ќе помогне да се аминува новата вонредна состојба која пак е нужна за да може во законски и уставни рамки изборите да се одржат не на 21 јуни, туку на 5 јули.

Болеста е политичка категорија, а политиката е болест.

Тоа е Македонија денес.

Сѐ ќе биде океј, драги мои.

Вмро не може да произведе толку вируси колку што ние можеме да изедеме.

Биотероризмот на вмро односно вмро како биотероризам, ќе го совладаме.

Ќе биде малку тешкичко затоа што болеста ни е инплантирана во културниот мод, но и за тоа има решение.

Ќе станеме малку помалку културни и готово.

 


Сите права се задржани.
Next Post

Шекеринска: Реакциите за средбата со Дехари доаѓаат од тие кои беа дури 9 години во коалиција со него

НАЈНОВО

Слот по поразот од Палас: Секому може да му се случи да промаши пенал

August 10, 2025
Фото: Скриншот

Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025
Фото: Noam Revkin Fenton/Flash90

Нетанјаху вели дека целта на Израел е да ја ослободи Газа од Хамас, а не да ја окупира

August 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал во Демир Хисар – Адвокатот Стеваноски: Еве како се менува доректорка на средно училиште пред распишување на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР го разрешува началник од Демир Хисар поради непрофесионално однесување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска: ОЈО мора да постапи и началникот на Тошковски да одговара

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четворица со тешки телесни повреди на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk