Во саботата, Криси Тејген објави на својот Твитер профил дека ќе донира 200.000 американски долари за кауции за уапсените учесници во протестите против полициската бруталност по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд.
In celebration of whatever the fuck maga night is, I am committed to donating $100,000 to the bail outs of protestors across the country.
— chrissy teigen (@chrissyteigen) May 30, 2020
Најпрво Тајген објави на Твитер дека ќе донира 100.000 долари „во чест“ на изјавата на Трамп дека саботната вечер може да биде „МАГА вечер (Make America Great Again)“ во Белата куќа.
Ooo they might need more money then. Make it $200,000 https://t.co/axuJnazJkU
— chrissy teigen (@chrissyteigen) May 30, 2020
Откако во коментарите под објавата на Тејген, некои ги нарекле учесниците во протестите „насилници и криминалци“, таа ја дуплирала понудата, пишувајќи „Во тој случај, веројатно ќе им требаат повеќе пари. Нека бидат 200.000 долари“.
Оригиналниот твит со провокативниот коментар „насилници и криминалци“ не е веќе видлив на платформата Твитер.
А. Н. С.