ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Последните зборови на Џорџ Флојд

May 31, 2020 09:02
in ДЕНЕС, СВЕТ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Смртта на Џорџ Флојд беше снимена со неколку камери чии снимки станаа вирални истиот ден. Камерите ги забележаа неговите последни зборови.

Џорџ Флојд кажа 123 зборови, од кои само еден е неразбирлив. Ниту еднаш, ама ниту еднаш не кажа навредлив збор, не ги опцу или навреди своите убијци. Дури и со „господине“ им се обрати. Од снимките може да се заклучи дека бил свесен дека умира. На убијците им кажа дека е клаустрофобичен. Им се пожали дека не може да дише цели 12 пати. Се пожали дека не може да мрда, дека го боли стомакот, коленото, вратот… „Сѐ ме боли“, им рече. Побара и вода. Четири пати кажа дека го убиваат, а два пати кажа „готов сум“.

Џорџ го изговори зборот „молам“ 14 пати, два пати извика „мама“… Ниедна навреда. „Ве молам, не можам да дишам“ беа последните зборови што ги изговори, а потоа ги склопи очите и молењето престана. Џорџ Флојд беше мртов.

Според онлајн изворите, аутопсијата утврдила дека починал од давење и притисок на неговиот граден кош. На критичниот ден, бил осомничен дека употребил банкнота од 20 долари која била фалсификувана. Во неговото убиство учествуваа четворица полицајци. Четворица против еден невооружен човек, кутнат на земја, врзан со лисици, кој и во своите последни мигови, кога е под тортура, не изговара ниеден навредлив збор против своите убијци. Ниту еден збор.

Најдиректно одговорен за убиството на Џорџ Флојд е Дерек Мајкл Шовин, белец, чие досие открива дека против него имало дури 18 жалби. Порано, учествувал во три инциденти со огнено оружје од кои во еден случај исходот бил фатален за осомничениот. Работел во обезбедувањето на еден клуб во исто време со Џорџ Флојд, дури биле и во иста смена неколку пати.

Според снимките, Дерек Шовин го држи своето колено на вратот на Џорџ Флојд 8 минути и 46 секунди, 2 минути и 53 секунди подолго, кога жртвата не покажува никакви знаци на живот. Иако полицајците кои го убија Флојд се бранеа дека тој се противел на апсењето, на камерите не се забележува никакво противење. Флојд бил со лисици на рацете, кутнат на земја, покрај полициското возило.

Бруталното убиство на Џорџ Флојд беше извршено на 25 мај, во Минеаполис, сојузната држава Минесота, САД. Полициската бруталност предизвика жестоки и насилни немири во Минеаполис уште истиот ден, а потоа немирите се проширија низ целата земја и стасаа до Белата куќа во Вашингтон. Во протестите против расизмот и полициската бруталност учествуваат и голем број белци.

Џорџ Флојд беше на возраст од 46 години. Изгубил работа за време на наредбата „остани дома“ по избивањето на пандемијата од КОВИД-19. Во младоста играл кошарка и фудбал. Остави две ќерки, на возраст од 6 и 22 години.

*

Почивај во мир, Џорџ. Нека твојата смрт биде победа над тие што мразат.

 


Сите права се задржани.
Next Post

09: Нов изглед на Клинички, МЗ и МВР ќе прават епидемиолошки анкети во семејството на починатиот од Лисичани, ден без тутун...

Најново

Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026
Фото: Фб страница на Зоран Љутков

Комисија за култура на СДСМ: Јубилејот на Драмски театар помина без неговите вработени

April 22, 2026
Илустрација Фронтлајн

„Евромор“ и „Правфонд“ на црната листа на ЕУ: Замрзнати средствата на руските пропагандни субјекти

April 22, 2026
Фото: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНАЛ: Светот влегува во „предаторска ера“ – колапс на меѓународното право и човековите права

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk