Црна Гора од 1 јуни ги отвора своите граници за граѓаните од сите држави во кои стапката на активни случаи на инфицирани од коронавирусот е помала од 25 на 100.000 жители. На списокот на држави за чии граѓани границите на Црна Гора ќе бидат отворени од 1 јуни е и Македонија.
„Ги отвараме нашите граници во согласнот со препоракоите на стручните тела со голем број на држави во интерес на граѓаните и бројните туристи кои ќе не посетат ова лето” изјави претседателот на Националното координативно тело за заразни болести, Милутин Симовиќ.
На првичниот список, која постојано ќе се ажурира, се Словенија (со 0,43 потврдени случаи на 100.000 жители), Исланд (0,88), Хрватска (2,34), Словачка (2,93), Грузија (3,83), Швајцарија (6,46), Албанија (7,12), Австрија (7,98), Норвешка (8,10), Монако (10,20), Косово (11,99), Германија (12,61), Грција (13,00), Унгарија (13,57), Данска (13,97), Литванија (14,57), Летонија (15,52), Aзербејџан (15,96), Луксембург (16,00), Боснаа и Херцеговина (16,45), Бугарија(19,82), Изрел (20,94), Севернаа Македонија (21,60), Ирска (21,96), Чешкa (22,41), Финска (23,09) и Естонија(16,06).