ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Лекарите не можат сами!

Вонредната состојба е краткорочно решение, ни оддалеку доволно успешно, поради отсуството на парламент и на политичка влада со полн капацитет. Тотално политичко и правно лимбо... Не мора човек да биде Магелан за да „открие“ што се случува. Без оглед на тоа што некој можеби е жртва на пропагандата, па овие тврдења ги отфрла, доволно е да ги вклучи разумот и логиката, па ќе сфати дека овие ставови се резултат на искуството и рационалното размислување.

June 1, 2020 10:43
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Мицкоски не е единствен политичар чиј опстанок на политичката сцена, макар и како губитник, значи и опстанок на сопствените бизниси. Ноторно за неговата партија е да ја водат „дил-ориентед“ луѓе со кои Груевски раководи со голем стап во едната и подеднакво голем морков во другата рака.

Изборните позиции и шанси се веќе одамна прилично јасни. Човек не мора ни да ги следи анкетите, за да извлече информиран заклучок. Особено затоа што анкетите знаат и да промашат. Со сите познати слабости кои упорно не се отстрануваат, изборите може да се одржат, практично, во секој момент, дури и без периодот што според законот е предвиден за кампања (20 дена). Се разбира, со почитување на мерките и протоколите за заштита, изборниот ден ќе биде целосно безбеден, тоа го знае секој, освен антиваксерите, рамноземците и оние што коронавирусот го користат како изговор за бегства од различни видови, па и од реалноста.

Трагично е што кризата со коронавирусот се злоупотребува за политичките цели на една мала група луѓе поврзана со сите атрибути на режимот на Груевски. Злоупотребата на институциите и непостапувањето во согласност со мерките и препораките за заштита, секојдневно ја одржуваат, па и ја влошуваат тешката состојба со коронавирусот. Тоа чини човечки животи. Тоа секојдневно трауматизира голем број луѓе. Тоа ја осиромашува земјата во секоја смисла на зборот, секој ден, секој час.

Со преголема леснотија, Мицкоски ги обвинува Зоран Заев (не му излегува од устата) и СДСМ, дека со повиците за избори води кон трагична загуба на човечки животи. Со исто таква леснотија ги менува исказите, ставовите и ги преместува своите мети од една на друга адреса, зависно од тоа што нему лично му одговара, а и од тоа како е расположен во моментот. Само Заев му е константна мета (опсесија). Од изјавите, но и од однесувањето на техничките министри, заменици, началници и други импланти во системот, се гледа дека јавното здравје му е на последно место.

Мицкоски е постојано лошо расположен. Сениори во партијата веќе одамна говорат за тоа, истовремено тврдејќи дека Мицкоски нема контакт со реалноста. Моите извори тврдат дека на Мицкоски не му е грижа за партијата, а со своите постапки само дополнително ја турка во амбисот на политичкиот заборав и изолација, само за да се спаси самиот од тотален пораз и бизнис загуби.

Не вреди продолжување на вонредната состојба, ако нема кој да ја одржува, а тоа е „добриот полицаец“ Наќе. Во неуспешен обид да продаде популизам, Наќе изјави дека „не сака да казнува граѓани“. Ќе повторам… Работата на министерот за внатрешни работи, не е да казнува, туку да ги заштити граѓанките и граѓаните, да ја гарантира безбедноста во земјата.

Со продолжување на вонредната состојба, институциите и политичарите се повикани да преземат мерки оваа состојба да не стане чадор за опасни безбедносни игри и загрозување на јавното здравје. Вонредната состојба е безвредна, сѐ додека се разбира само како средство за борба против коронавирусот, а не и како начин за функционирање на системот во целост во, како што кажува самиот назив, вонредни околности.

Меѓу другото, од ова може да се извлече и ставот дека во моментов, еден од највисоките приоритети е да се организираат избори за да се спаси токму здравјето на луѓето. Можеби звучи како повторување на ставовите на владејачката партија, но дотолку подобро за неа, бидејќи овој став е исправен и логичен.

Институциите мора да се заштитат од трајно онеспособување. Дури и да не беше коронавирусот, техничката влада како решение што произлезе од процесот за надминување на политичката криза во 2015 година, се покажа како крајно неуспешно. Примери за тоа има безброј – буквално секој час и секој ден од функционирањето на техничката влада, од почетокот на годинава, се уверуваме во тоа. Најочигледен пример за тоа се министри како Наќе, кој го претвори МВР од безбедносен фактор во безбедносен ризик. Како што стојат работите, за коронавирусот некако и ќе се најде лек некогаш, ама за некои политичари, едноставно, нема лек.

Вонредната состојба е краткорочно решение, ни оддалеку доволно успешно, поради отсуството на парламент и на политичка влада со полн капацитет. Тотално политичко и правно лимбо… Не мора човек да биде Магелан за да „открие“ што се случува. Без оглед на тоа што некој можеби е жртва на пропагандата, па овие тврдења ги отфрла, доволно е да ги вклучи разумот и логиката, па ќе сфати дека овие ставови се резултат на искуството и рационалното размислување.

Законот што не важи за сите не е закон. Не можат само здравствените работници да нѐ штитат од заразата, а притоа да се дозволи некој и да ги навредува и да ги обвинува без никаква основа (Мицкоски, 30 мај и повеќе пати претходно). Непостапувањето на полицијата и злоупотребите во други институции во кои има обиди слични на оние во МВР, ќе му дадат простор на коронавирусот да победи. Ако вака продолжи, сите ќе настрадаме. Лекарите не можат сами!

Ако само се заклучуваме по дома за да не се заразиме, подобро да ги исклучиме и телевизорите, радиото и интернетот, бидејќи неодговорните и себични политичари ја шират заразата преку нив, додека други го ризикуваат своето здравје и живот да ја крепат државата и јавното здравје. И вратите да ги заклучиме и ѕвончињата да ги блокираме, бидејќи доаѓаат и на врата.

Со политичките злоупотреби, вонредната состојба може да се претвори во кошмар за граѓанките и граѓаните, а не во начин да им се пружи државна заштита. Луѓето очекуваат брзи и ефикасни мерки за заштита од коронавирусот, но и од инфодемијата, политичките манипулации и црната пропаганда. И од сиромаштијата која со ѓон ја отвори вратата!

 


Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk