Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, се огласи на својот официјален Фејсбук профил со демант на тврдењата на советничката група на ДПМНЕ во градскиот совет во врска со набавка на теренски возила за редовно работење на депонијата Дрисла.
Шилегов ги спореди вредностите на службеното возило марка Мерцедес, набавено во времето на претходниот директор на депонијата, назначен од сега опозициската ДПМНЕ, и потребните теренски возила чија вкупна цена е 2 милиони денари, или како што нагласи градоначалникот, една третина од вредноста на Мерцедесот што го набавило ДПМНЕ, а кое управата го наследила по преземање на функциите.
Во врска со „големата сензација”, „аудио бомбата”, на советничка група на ДПМНЕ во Советот на Град Скопје:
1. На фотографиите (првите) се прикажани службеното возило на поранешниот директор на Дрисла, кое го наследивме како возило и за сегашниот директор.
2. На фотографиите (вторите) се прикажани теренските службени возила, наменети за редовното работење на депонијата. Ние набавуваме 3 (три) нови теренски возила за редовнито работење.
3. Вкупната вредност на трите теренски возила изнесува 2.000.000 денари или по нашки, околу една третина од вредноста на возилото на директорот кој што го набавило ДПМНЕ.
Судете сами за „скандалот” и „бомбата”. Од таквиот ДПМНЕ-овски простотилук, алчност, примитивизам и ефтин популизам во политиката, државата ни е на ова дереџе, напиша градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил.
A. H. C.